КАФЕ ПАУЗА

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Пет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонце

Балконот со цвеќиња е најубавиот украс на домот, а пред да започнете да ги садите, треба да знаете кои цвеќиња одговараат на вашиот балкон. Ако на вашиот балкон преовладува сенка, изберете ги следниве растенија:rn

1. Фуксија

rnПет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонцеrnrnОва растение треба да се прихранува на секои 14 дена со наводнување со раствор од ѓубриво. Цветовите се многу нежни, па затоа не треба да го преместувате ова растение. Се одгледува во саксии, а во лето се изнесува во градината или на балконот, каде што ќе биде заштитено од силното сонце.rn

2. Воденика

rnПет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонцеrnrnОве растение има цвеќиња со по пет ливчиња, кои можат да бидат во широк спектар на бои: бела, розова, портокалова, разни нијанси на црвена, виолетова и шарена. За време на интензивниот раст (од мај до септември), треба да го прихранувате со течно ѓубриво за цветни растенија на секои петнаесет дена.rn

3. Лобелија

rnПет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонцеrnrnЛобелијата е мало едногодишно цветно растение што изгледа како грмушка, со мали цветови и лисја. Цветовите може да бидат во нијанси од индиго сина или виолетова сина и често со бело или жолто „око“ во средината на цветот. Лобелијата ќе расте на сончево место само со обилно наводнување, во спротивно подобро напредува во делумна сенка. За време на растот, потребно е редовно наводнување и ѓубрење.rn

4. Бршлен

rnПет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонцеrnrnЦветовите му се бледозелени, а плодовите се темносини бобинки со дијаметар од шест до осум сантиметри. Ова растение може да живее до неколку стотици години. Во минатото, бршленот бил симбол на плодноста и бесмртноста. Причината за ова е веројатно фактот што е исклучително издржлив и останува зелен во текот на целата година.rn

5. Бегонија

rnПет балконски убавици што повеќе сакаат сенка отколку сонцеrnrnЦветовите може да бидат во бела, розова и црвена боја. Бегониите бараат обилно наводнување, но не сакаат прскање на лисјата и влажен воздух. За да може да света постојано, треба да се прихранува редовно.rnrnПогледнете го и ова цвеќе – велигденски кактус што не бара грижа и внимание.