Иако момците за нас мислат дека сме убави без разлика дали носиме шминка или не, сепак постојат некои козметички трендови кои тие едноставно не ги разбираат. И очекувајте тоа никогаш да не се промени. Па, наместо да му објаснувате дека ќе доцните поради тоа што се обидувате да направите совршено нашминкани „зачадени очи“ или дека го нанесувате последниот слој од светкавиот сјај за усни, едноставно уште на почетокот запомнете дека овие 10 бјути трикови тие никогаш нема да ги разберат.rnrn
rn
1. Што било светкаво
rnБез разлика дали тоа е омилената сенка за очи или лосион за тело – мажите не сфаќаат! Сигурно ќе ги забележи светките и ќе му се допадне ефектот, но и ќе биде загрижен некои од тие прекрасни, мали украси да не завршат на него.rn
2. Користењето шампон и регенератор
rnСекој маж ќе го постави прашањето зошто користите шампон и регенератор за коса, кога постои шампон 2 во 1, кој може да се користи за сè? Сега сигурно ви е јасно како тој, секој пат, толку брзо се тушира.rn
3. Сјај за уста
rnЗа девојките, сјајот за уста преставува основна шминка. За момците – сјајот за усни е некако непозната, леплива маса која главно воопшто не ја сакаат.rn
4. Омбре фризура
rnНе постои девојка која не го сака овој популарен тренд на бојадисување на косата – бидејќи тој им стои добро на сите. Ако се бојадисате, постои голема шанса вашето момче да забележи дека сте биле на фризер, а кога ќе дознае, ќе се запраша зошто сте потрошиле толку висока сума пари за коса која се состои од различни бои?rnrn
rn
5. Мачкини очи
rnНикогаш не ја брзајте девојката која се обидува да ги усоврши своите мачкини очи. Освен тоа, никогаш не ја прашувајте што правела толку долго, бидејќи е очигледен знак дека не сте го забележале ова ремек-дело.rn
6. Црвен кармин
rnВашето лудо заљубено момче има голема дилема. Како да ве бакне, а да не се намачка со кармин насекаде по себе?rn
7. Нашарани нокти
rnУредните и убави нокти се посакувани, но цветовите, светките или лепенките? Момците никогаш нема да разберат зошто девојките го прават тоа и верувајте дека вечно се прашуваат дали обетката за нокти навистина боли.rnrn
rn
8. Лажни трепки
rnСигурно сте слушнале дека момците се заљубуваат во нашите очи и поглед. Тогаш ви е јасно дека обожаваат да ги гледаат. Сепак, вештачките трепки тотално ги излудуваат и апсолутно не разбираат зошто имаме потреба да ги ставаме…rn
9. Балејаж – сонце во косата
rnСонце, каде? Не обидувајте се да му ја објасните новата техника на осветлување и бојадисување на косата која моментално стана повеќе популарна од омбре и бронде техниката. Нема шанси тој да сфати!rn
10. Исправување на косата
rnМомците само претпоставуваат дека нашата коса е природно свиленкаста, права и мазна. Само кога би знаеле дека за тој ефект е потребно да се издвои еден час, производи за исправување на косата и секако – преса без која не може да го замислиме нашиот живот.rnrn