КАФЕ ПАУЗА

4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

Можеби на почетокот ви се допаѓале белите ѕидови, но со текот на времето едноставно сте посакале промена. За среќа, нема потреба да го менувате целиот простор за да внесете малку свежина во домот. Овие 4 едноставни начини ќе ви помогнат да акцентирате некои делови од домот со малку боја.rn

1. Направете ѕид-галерија

rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnСекој дом треба да има некоја декорација на ѕидот. Но, ако се обидувате да наредите многу фотографии во рамки сигурно ќе потрошите многу пари. Па, за да го освежите ѕидот закачете ткаени кошници, декоративни чинии или шарени огледала. Искористете секојдневни предмети кои веќе ги имате. Со ова не само што ќе додадете боја, туку ќе создадете и неверојатна точка на фокус во просторијата.rn

2. Обојте нешто функционално

rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnИако ѕидот-галерија е одлична идеја, можете да пробате и нешто ново. Наместо да го обоите целиот ѕид, обојте нешто функционално како масичката до креветот или гардероберот. Одберете ја омилената боја и фатете се за работа.rn

3. Шарени килими

rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnСветлите и храбри принтови на килимите можат да направат вистинско чудо. Не само што ќе ја „развеселат“ просторијата, туку ќе создадат и нова димензија. Ако имате тепих со неутрална боја, можете врз него да постелите килим. Се разбира, држете се до еден принт кој ќе одговара на темата на вашата просторија.rn

4. Кога не знаете што, исполнете ја просторијата со растенија

rn4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот домrnrnЕдна обична вазна со рози може да додаде вистинска природна убавина во вашата соба. Покрај тоа, можете да ја искористете вашата имагинација и да правите ваши аранжмани. Наредете повеќе саксии една до друга, или една врз друга. Ако не сакате цвеќиња, секогаш можете да користите зелени растенија.rnrnПогледнете ги и овие дизајнерски трикови кои ќе го променат изгледот на вашиот дом.