Стопанска комора на Македонија и Бизнис центар за тренинг и обука – најдобрата опција за неформално образование

Сподели

Неформалното образование, како начин на стекнување знаење, вештини и квалификации настрана од училишните клупи и факултетските предавања, денес претставува мост кој младите луѓе и професионалци ги поврзува со квалитетни работни места и кариерен напредок. Доживотното учење и постојаното надградување овозможуваат широк спектар на знаења, но уште поважно – можност за специјализација во определена област што пак ве прави конкурентни на пазарот на трудот.

Реклама

Стопанската комора на Македонија преку својот Бизнис центар за тренинг и обука овозможува преквалификација и доквалификација на кадар преку програми за образование на возрасни за оние занимања кои што се дефицитарни во Република Македонија и за кои има побарувачка на пазарот на трудот. Со ова, директно се влијае врз намалувањето на јазот помеѓу потребите на компаниите за квалификувана работна сила со определени вештини и способности од една страна и понудата на работна сила од друга страна.

Во моментот Бизнис центарот за тренинг и обука ги нуди следните верифицирани програми:rn

rn

Сите обуки се спроведуваат според верифицирани програми од страна на Центарот за образование на возрасни, а учесниците по успешното завршување на обуката добиваат сертификат од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

rnПокрај програми за преквалификација и доквалификација, Бизнис центарот за тренинг и обука нуди и обуки за надградување и стекнување на нови вештини потребни на работното место кои во крајна линија би им овозможиле на вработените поголема ефикасност и ефективност на работното место. Со цел стекнување експертско знаење и споделување искуство со професионалци од државата и регионот, формулиравме програми за две Бизнис академии и тоа за најпросперитетните и најбараните занимања:rn

    rn011

  1. Бизнис академија за менаџмент на човечки ресурси и
  2. rn011

  3. Бизнис академија за контролинг менаџер
  4. rn

rn

Бизнис академија за менаџмент на човечки ресурси

rnУчесниците на оваа Бизнис академија имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Бизнис академијата содржи 9 различни модули и тоа:rn

    rn011

  1. Стратегиски менаџмент на човечки ресурси;
  2. rn011

  3. Организациски дизајн и ре-дизајн од аспект на менаџментот на човечки ресурси;
  4. rn011

  5. Регрутирање и селекција на вработените;
  6. rn011

  7. Закон за работни односи и етика во работењето;
  8. rn011

  9. Системи за управување со проценка на резултатот на вработените;
  10. rn011

  11. Наградување и мотивирање на вработените;
  12. rn011

  13. Стратегија за едукација и развој на вработените и планирање на кариера;
  14. rn011

  15. Лидерство и личен развој;
  16. rn011

  17. Од кадровска до стратегиска функција на човечки ресурси.
  18. rn

rnАнгажираните предавачи се експерти од областа на менаџмент на човечки ресурси и законската регулатива поврзана со работни односи, со долгогодишно и богато искуство.rn

Бизнис академија за контролинг менаџер

rnВо последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина како и за подобро функционирање на компаниите. Бизнис академијата за контролинг менаџер содржи 11 модули и тоа:rn

    rn011

  1. Организација и менаџмент;
  2. rn011

  3. Финансиско сметководство;
  4. rn011

  5. Контролинг и улогата на контролoрот во претпријатието;
  6. rn011

  7. Деловно планирање и контролинг;
  8. rn011

  9. Контролинг на трошоци и сметководство на трошоци;
  10. rn011

  11. Контролинг на продажба, пост – продажни активности;
  12. rn011

  13. Контролинг во маркетинг;
  14. rn011

  15. Контролинг и управување со човечки ресурси;
  16. rn011

  17. Контролинг на инвестициски проекти;
  18. rn011

  19. Контролинг на набавка, производство и залихи;
  20. rn011

  21. Контролинг и информатичка технологија;
  22. rn011

  23. Деловни извештаи за контролингот со презентации за менаџментот.
  24. rn

rnПредавачите се консултанти од областа на контролингот, експерти од областа на финансиско сметководство, корпоративните финансии, инвестициите, финансискиот инженеринг и менаџментот со ризици.

Бизнис центарот за тренинг и обука нуди и модуларно следење на двете академии, односно пријавување и слушање по нивоа. Уписите за Ниво 1 од двете академии се веќе во тек!

Следете нѐ на нашата веб страна и Фејсбук профил!rn

Лица за контакт:

rn

Симона Ристоска
02 32 44 067
simona@mchamber.mk
м-р Борис Тримчев
072 207 091
boris@mchamber.mk
 

rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира