КАФЕ ПАУЗА

3 јапонски тајни за сјајна и густа коса

3 јапонски тајни за сјајна и густа коса

За жал, на преминот од лето во есен, косата на повеќето жени опаѓа повеќе. За да го спречите губењето на волуменот, почнете да ги применувате овие три едноставни ритуали за нега на коса што ги практикуваат жените во Јапонија.rnrn3 јапонски тајни за сјајна и густа косаrnrnВо земјата на изгрејсонцето, негата на косата е повеќе од обична рутина – тоа е уметност. Од природни состојки до совесен и бавен пристап за нега на коса, Јапонките ги усовршија своите ритуали за нега за коса со голема прецизност:rn

1. Го масираат скалпот со масло од камелија

rnТие нанесуваат чисто масло од камелија од коренот до врвот, а потоа го масираат скалпот за да ја стимулираат циркулацијата и подобро да ги апсорбираат хранливите материи од маслото. Маслото се остава да делува околу 15 минути, а потоа косата се мие со шампон. Не само што маслото од камелија ќе направи вашата коса да мириса божествено туку и ќе ја храни, хидрира и заштити од штетните надворешни влијанија.rn

2. Ја мијат косата секој ден

rnЗа разлика од другите жени од азиските земји, па дури и од советите на западните фризери, Јапонките претпочитаат да ја мијат косата секој ден за да ги измијат сите нечистотии пред спиење. Но, косата не им се оштетува затоа што користат шампони кои содржат растителни масла, како арган или јојоба, кои се борат против оштетувањето на косата.rn

3. Чешлањето е вистински ритуал

rnЗа чешлање на косата користат tsugegushi, традиционален чешел кој се смета за свет предмет во Јапонија бидејќи луѓето во античко време ги користеле овие чешли за да ја чешлаат косата верувајќи дека секој прамен содржи духовна енергија. Секој ден тие поминуваат долго време чешлајќи ја долгата коса.rnrnОткако прочитавте за јапонските тајни за сјајна и густа коса, можеби ќе сакате да прочитате и за овие 4 видови витамини и минерали кои се неопходни за здрава и сјајна коса.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr