4 видови витамини и минерали кои се неопходни за здрава и сјајна коса!

Сподели

Дали знаевте дека одредени хранливи материи можат значително да придонесат за здрава и сјајна коса? Во продолжение прочитајте за кои состојки станува збор!

Биотин

rnБиотинот е можеби една од најважните клучни хранливи материи за вашата коса. Витаминот Б, познат како биотин, е важен за негување на косата бидејќи го гради колагенот, ја одржува еластичноста и го овозможува растот на влакното. Можете да најдете биотин во секој додаток за коса, кожа и нокти, но можете да го внесувате и преку храна како јајца, пилешко, мисиркино месо, лосос, авокадо и бадеми.rn

Реклама

Железо

Железото го зголемува протокот на крв во скалпот, па затоа може да биде вашиот најдобар сојузник во подобрувањето на здравјето на вашата коса. Гравот, семките, јаткасти плодови, рибата, спанаќот и мешунките како што се леќата и наутот содржат голема количина на железо. Освен тоа, ако забележите опаѓање на косата, тоа е знак за недостиг на железо или цинк.

Витамин Ц

Витаминот Ц не е само одличен во борбата со настинката. Тој е одличен и за вашата коса бидејќи го овозможува нејзиниот раст. Сите знаеме дека косата расте бавно, но она што можеби не го знаете е колку бавно расте, особено ако витаминот Ц не е вклучен. Косата во просек расте околу еден сантиметар месечно ако е навистина здрава. Сепак, доколку сакате здрава и сјајна коса, внесувајте повеќе намирници богати со витамин Ц како што се црвени пиперки, јагоди, спанаќ и портокали.

Реклама

Витамин А

Витаминот А е еден од најмоќните витамини за убавина што секој може да го консумира. Како прво, витаминот А ја чува вашата кожа чиста од акни, ѝ дава здрав сјај, а исто така е хранлива материја за вашата коса и ја одржува мека и сјајна. Овој витамин најмногу се содржи во морковите, дињата, тиквата и слатките компири.

Откако прочитавте кои витамини се неопходни за одржувањето на здравата и цврста коса, можеби ќе сакате да прочитате и за 8-те состојки за нега на коса кои ги имате и дома.

Извор: allwomenstalk.com

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира