КАФЕ ПАУЗА

23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаете

Written by

in

,

Дали има нешто повозбудливо од првата средба со некого и добивањето можност да се дознае неговата животна приказна? Без разлика дали станува збор за прв состанок или прва пријателска средба, можностите се широко отворени и следните неколку часови треба да ги поминете во откривање и споделување на вашите животни приказни.rnrn23 прашања што треба да ги поставите ако сакате некого вистински да запознаетеrnrnВо продолжение откријте кои прашања треба да ги поставите за да оформите целосен впечаток за личноста со која разговарате.rn

1. Каде се гледаш себеси за 5 години?

rnПреку ова прашање може да ги дознаете целите на личноста со која разговарате и да осознаете дали тие цели се поклопуваат со вашите.rn

2. Кој момент од твојот живот ти е најинтересен во моментов?

rnСо ова прашање веднаш ќе ги дознаете интересите на личноста и на тој начин ќе откриете дали си одговарате и дали споделувате нешто заедничко.rn

3. Со кој филмски лик се идентификуваш и зошто?

rnНа овој начин, заобиколувајќи го егото на соговорникот ќе откриете за каква личност се работи.rn

4. Што посакуваш кога ќе ги дувнеш свеќичките од тортата или кога фрлаш паричка во фонтана?

rnНа тој начин ќе откриете што личноста посакува и на што се надева.rn

5. Зошто се разделивте со претходниот партнер?

rnАко во одговорот вашиот соговорник го обвинува поранешниот партнер за тоа, тогаш вклучете го вашиот „аларм“.rn

6. Какви се твоите релации со семејството?

rnНе е секој близок со своето семејство, но начинот на кој соговорникот ја согледува оваа релација, многу зборува за него.rn

7. Кој е твојот најголем страв?

rnПонекогаш ова прашање ќе ви овозможи да ја откриете ранливата страна на другата личност. Обратете внимание!rn

8. Кому му се обраќаше кога беше повреден/а или исплашен/а кога беше дете?

rnАко одговорот е „Никому“- тогаш веднаш ќе дознаете како соговорникот се соочува со стресните ситуации. Но и ако одговори дека барал помош од родителите, тоа може да значи дека се работи за несигурна и зависна личност која постојано бара потврда од партнерот.rn

9. Како се снаоѓаш со финансиите? Колку трошиш?

rnМожеби со ова прашање ќе отидете предалеку, но имајте на ум дека финансиите се важно прашање во секоја релација.rn

10. На што најмногу се гордееш?

rnСо ова прашање може да откриете што најмногу цени соговорникот и како го поминува своето слободно време.rn

11. Како се справуваш со стресот? Се јавуваш некому или се осамуваш?

rnНачинот на кој ќе ви одговори ќе ви покаже што личноста очекува од блискиот кога има тежок период.rnrnПродолжете да читате на следната страница…rn