Кога ќе се спомне поимот „сериозна врска“, првото нешто што ни доаѓа на памет е да се биде само со една личност. Помислуваме на моногамија. Изневерувањето е строго забрането. Подразбираме целосна посветеност само на еден партнер.rnrnНо, дали сте помислиле дека овој поим можеби го земаме здраво за готово? Исто како што се осмелуваме да кажеме дека ги „сакаме“ луѓето кои одвај ги познаваме и дека ги „мразиме“ луѓето кои никогаш не сме ги запознале. Зборовите што некогаш имале длабоко значење и означувале искуства кои се посебни и единствени, сега се користат толку површно што сосема го имаат изгубено првобитното значење.rnrn
rnrnГо користиме зборот „љубов“ во новите врски, а воопшто не сме имале ниту можност доволно да го запознаеме партнерот. Таквата употреба на овој збор го уништува неговото значење за оние кои навистина знаат да ја ценат и разберат неговата длабочина. За оние кои навистина успеале да остварат значајна и незаменлива поврзаност со друга личност…rnrnКога велиме дека сакаме некого, ние всушност кажуваме какво е чувството да се биде во сериозна врска со таа личност. Тоа значи дека секогаш ќе бидеме дел од нивниот живот, дури и кога нештата ќе тргнат наопаку. Не би можеле туку-така да ја напуштите саканата личност. Не би можеле постојано да се карате, да ја лажете и да ја навредувате таа личност. Тоа не е љубов.rnrnМожете да бидете во сериозна врска само со човек кого навистина ќе го сакате. Кога ќе ја чувствувате нивната болка и ќе им ја позајмите вашата сила за да ги надминат сите потешкотии. Кога ќе застанете пред нив за да ги заштитите од секое зло и покрај нив за да ги здружите силите и да создадете непобедлив тим, но и зад нив за да можете да им пружите поддршка кога тоа ќе биде потребно.rn
„Посветеност е кога ќе си останете на зборот дури и откако нема да го мислите повеќе она што сте го кажале.“ – Оребела Гбенга
rn
rnrnОва важи и за врските. Кога сте во сериозна врска со некого, тоа значи дека вие треба целосно да се посветите на таа личност. Да ги прифатите нивните позитивни, но и негативни страни. Да ветите дека ќе бидете покрај нив и во добро и во лошо. Не можете да бидете со некого само додека не се појави некој подобар. Треба да верувате во идејата дека не постои подобар. Треба да верувате дека вие двајца сте центарот на вашето постоење, а сите други околности само ротираат околу вас.rnrnНо, денес ние не знаеме што значи да се биде во сериозна врска. Премногу брзо влегуваме во нови врски. Донесуваме животни одлуки под влијание на луѓе кои одвај ги познаваме. Ние сме генерација на практичноста, моменталното задоволство и лажната лојалност. Исто како што ги менуваме старите мобилни телефони за понови модели, така се однесуваме и во љубовните врски. Ги менуваме партнерите како никогаш да не сме имале заеднички сеќавања. Како да не сме изградиле нови традиции. Како да не сме биле соединети на емоционално и физичко ниво.rnrnСе бришеме од нашите животи на симболичен начин со тоа што ќе ги избришеме старите фотографии од Фејсбук и од другите социјални мрежи. На ефикасен начин ги бришеме сите сеќавања кои дефинираат нечие постоење во нашиот живот. И на тој начин бришеме дел од самите себе. Ги бришеме искуствата кои нѐ претвориле во тоа што сме денес. Денес е премногу лесно да се заборави и продолжи понатаму.rnrnСекако дека понекогаш луѓето едноставно се разделуваат. Лагите и предавството се главните уништувачи на врските. Никој и ништо не е совршено и нормално дека не би можеле да останеме со некој кој ја срушил нашата доверба и ги прекршил сите ветувања.rnrnПоимот „сериозна врска“ не е само идеја која означува привремена моногамија. Станува збор за еден вид неофицијален завет, начин на живот украсен со заемна доверба и почит. Сериозната врска не значи губење на слободата. Сериозната врска значи избор кому да ги дадете најскапоцените подароци што постојат на светот: вашето време, вашите емоции и вашето срце.