Ах, колку ли само мразите кога омиленото парче облека ќе ви се уништи? Или кога најмодерните штикли не можете повеќе да ги носите поради дамката која никако не можете да ја исчистите? Следниве неколку генијални совети сигурно ќе ви помогнат, па повторно ќе може да „влезете“ во вашите најсакани парчиња облека.rn
1. Ставете го џемперот во замрзнувачот преку ноќ за да спречите растегнување
rnАко џемперот планирате да го облечете утре, тогаш вечерва ставете го замрзнувачот, а веќе до утрото ќе биде како нов. Ова посебно се однесува на волнените и џемперите од кашмир.rnrn
rn
2. За да ја отстраните лошата миризба од фармерките, ставете ги во пластична кеса и оставете ги цела ноќ во замрзнувачот
rnБидејќи замрзнувачот ќе ги убие сите миризливи бактерии, нема повеќе да треба да се грижите за бојата на фармерките која сигурно избледувала со секое перење во машината.rnrn
rn
3. Избришете ги дамките од пот под вашите пазуви со сок од лимон или сода бикарбона
rnПомешајте го сокот од лимoн со малку вода и протријте ја површината на блузата каде што се наоѓа дамката. Доколку станува збор за поинтензивна дамка, тогаш наместо лимон употребете паста од сода бикарбона и вода, така што ќе ја оставите неколку минути да се впие. Потоа ставете ја блузата за перење.rnrn
rn
4. Отстранете ги дамките од дезодоранс со облеката која штотуку сте ја зеле од хемиското перење
rnОблеката од хемиско чистење сѐ уште содржи малку пена од перењето, па триењето на чистата облека со исфлеканиот дел од вашата блуза може да помогне. Бидете внимателни да не станува збор за алишта кои пуштаат боја.rnrn
rn
5. Испрскајте ги замирисаните алишта со малку вотка за да ја отстраните несаканата миризба
rnСовршен трик за кога немате време да ги исперете алиштата кои сакате да ги носите. Само испрскајте ги со малку вотка и оставете да се исушат. Вотката за кратко време ќе ги уништи бактериите кои ја предизвикуваат миризбата.rnrn
rn
6. Пената за бричење искористете ја за да ги отстраните флеките од пудра на вашата блуза
rnСтавете малку од пената врз извалканото место и ставете ја блузата за перење. На овој начин флеката многу полесно ќе исчезне.rnrn
rn
7. Дамките од кармин исчистете ги со лак за коса
rnДоколку етикетата на облеката не вели дека се само за на хемиско перење, тогаш точно над дамката испрскајте малку лак за коса и веднаш ставете ја облеката за перење.rnrn
rnrn
