Имате чудна склоност да го изберете токму оној што е погрешен за вас? Па, секоја девојка ја има таа склоност и мисли дека тоа ѝ се случува само неа. Хороскопот вели дека секој знак има своја специфична склоност за погрешен избор на партнер, па ако сакате да знаете зошто го правите тоа, пронајдете го вашиот знак и прочитајте…rnrn
rn
Овен
rnВие сте импулсивна, се препуштате на сегашниот момент и не размислувате за иднината. Затоа често ќе ви се случува да пронајдете момче со кое ќе поминете фантастична саботна ноќ, но во недела ќе исчезне и повеќе никогаш нема да го видите. Вие привлекувате мажи кои ги сакаат жените и сакаат авантури и во вас гледаат личност која исто така ужива на ова ниво.rn
Бик
rnВие не сте личност што ќе развие површни емоции, која ќе се заљубува и одљубува – вашите чувства се длабоки и трајни и кога еднаш ќе засакате некого, вашата поврзаност ќе трае со години. Без разлика како тој ве третира или колку лошо се однесува кон вас, потешко ќе ви биде да го оставите, отколку да го трпите. Вие сте сериозна личност и треба да пронајдете некој што исто така е сериозен, бидејќи од незрелите мажи кои ги привлекува вашата стабилност, нема да направите луѓе, без разлика колку и да се обидувате.rn
Близнаци
rnВо опасност сте скоро во секој кој малку ви се допаѓа да препознаете сродна душа, компатибилен партнер, љубовта на својот живот. Вашата комплексна и двојна природа комуницира со различни типови мажи и ве наведува со секого да го пронајдете она што ве поврзува, но сепак тие врски не се длабоки, ниту трајни, иако умеат да бидат страсни и драматични. Ако сакате нешто реално, барајте го оној со кого ќе бидете поврзани барем на пет нивоа – хемиска, емотивна, културна, интелектуална и на ниво на животни цели.rnrn
rn
Рак
rnВие сте љубител на љубовта на прв поглед, драматичната љубов, судбинската љубов. Вам мора да ви се случува нешто бајковито и толку сте упорни во тоа, што ви се случува да завршите со кој било кој е доволно интересен за да можете околу него да ги плетете вашите љубовни приказни. Идејата за љубов и заедништво ја сакате повеќе од просечен човек и нестрпливи сте за да ги исполните вашите соништа. Ако сакате нешто реално, ќе морате да го исфрлите вашиот идеализам и да побарате маж во кој ќе видите личност на која можете да се потпрете, а не згоден материјал за проекција на вашите соништа.rn
Лав
rnЗнаете дека можете да го добиете секој што ќе го посакате и затоа го барате најубавиот и најатрактивниот маж – тоа ѝ годи на вашата суета и желбата за покажување и занесување. Но, затоа често ви се случува вашите трофеи да бидат обични и празни однатре, па многу брзо ви досадуваат. Потребно ви е внимателно да ги погледнете и оние кои не се впечатливи и не се наметнуваат, бидејќи своите квалитети ги чуваат за вистинската личност, која умее да го види и да го препознае тоа.rn
Девица
rnНа вашиот ум му е потребно однапред да ги сложи коцките и да ги има „напишано на хартија“ особините на личноста која ја сака. И кога ќе пронајдете некој кој е најблиску и скоро перфектно одговара на вашите стандарди, излегува дека помеѓу вас воопшто нема привлечност и дека таа вештачка компатибилност воопшто не функционира. Љубовта е нелогична. Кога ќе проработи хемијата, морате да ја почитувате и да ја следите, стандардите паѓаат и понекогаш најдобри врски се оние кои се воспоставуваат надвор од сите очекувања и шаблони.rnrn
rn
Вага
rnНе се вреднувате себеси доволно и заминувате со оној кој ви покажува иницијатива, кој само ве посакал, како да му должите благодарност некому затоа што сте му се допаднале и затоа што ве посакува. И потоа останувате долго време во погрешна врска, полна со разбирање и толеранција. Ви фали малку да побесните кога некој лошо ве третира и да раскинете штом нешто не ви одговара, бидејќи со толеранција и разбирање досега не сте успеале никого да промените. Всушност, вие сте можеби единствениот знак во целиот хороскоп кому навистина му е потребен духовен близнак, некој ист како вас, бидејќи само со некој таков можете да ја достигнете онаа чувствителна и суптилна хармонија за која постојано копнеете.rn
Скорпија
rnДлабоко во себе, вие не верувате дека заслужувате среќа и затоа се вртите кон погрешни мажи, саботирајќи ја несвесно секоја можност за сериозна и длабока врска. На некој начин, тоа го правите за работите што побрзо да завршат, да бидете повредени и казнети за сопствената неадекватност – вака самите си се казнувате. Кога ќе станете свесни за овој механизам, ќе можете да го надминете и да бидете сигурна во сопствената вредност и во тоа дека заслужувате љубов и среќа.rn
Стрелец
rnВие сте оптимист, што најчесто е одлична работа. Но, кога станува збор за изборот на (погрешен) партнер, вашиот оптимизам станува опасно деструктивен. Наместо да ја раскинете врската која не функционира, вие останувате решени да ги поправите работите. Наместо да го оставите оној кој не го сакате, вие чекате да го „преработите“ и да се премислите, да се преврти нешто во вас. Ако сакате нешто реално, морате да престанете да се фокусирате на поправка на работите кои не функционираат и да пронајдете некој што не треба да го поправате и со кој ќе одите од добро кон подобро.rnrn
rn
Јарец
rnВие барате некој што нема да го промени вашиот живот, да ја наруши вашата рутина и заради кој нема да морате да се откажете од ништо. Барате независен маж, кој има свој живот и кој е зафатен исто како и вие, па покрај него ќе имате сосема доволно време за својата кариера, своите пријатели, својата спортска и културна програма и својата самотија. И кога врската ќе пропадне, бидејќи не се гледате доволно и практично не се познавате, размислете за тоа да престанете да барате некој што нема да ви смета и да пронајдете некој којшто толку многу ќе го сакате, што ќе посакате да ја промените вашата рутина и животот за него.rn
Водолија
rnКако некој со креативна и сензуална природа, правите вообичаена грешка – претпоставувате дека без болка и скршено срце немате да имате инспирација за вашето сликање и пишување и дека ќе ја изгубите мотивацијата за создавање. Но, вашиот љубовен живот не треба да биде материјал за вашата работа, па според тоа да биде болен и драматичен, бидејќи тогаш не е реален и нема врска со љубовта. Ако сакате вистински однос, потребно е да престанете да барате инспирација во луѓето и да гледате во нив тоа што се – луѓе. Да засакате маж, а не само тоа како покрај него се чувствувате занесно, инспиративно, заробено, опуштено и на секој начин драматично. Не ја злоупотребувајте љубовта.rn
Риби
rnВие сакате љубовта да биде безбедна и затоа избирате некој што го познавате и со кој веќе имате пријателски однос. И најчесто се разочарувате, бидејќи не доживувате ниту „љ“ од љубов, а го уништувате пријателството. Ризикувајте, дозволете му на некој што ви се допаѓа да ви пријде доволно близу, а низ блискоста и времето, ќе се развие и оној вид доверба што всушност го барате во пријателските односи. Партнерот треба да биде ваш најдобар пријател, но тој тоа може и треба да стане со тек на време, низ развојот на вашата поврзаност и негувањето на вашата љубов.rnrnДоколку сте во потрага по Вистинскиот, тогаш погледнете каков тип на маж барате и заслужувате во склад со вашиот хороскопски знак?