rn
8. Зацврстете ги очилата за сонце со безбоен лак за нокти
rnДоколку очилата за сонце ви се разлабавени, но при рака немате мал шрафцигер за да ги зацврстите шрафчињата, дајте му шанса на безбојниот лак за нокти така што ќе нанесете малку токму на местото каде што се шрафчињата.rnrn
rn
9. Ставете безбоен лак за нокти врз конецот на копчето кое штотуку не ви се откачило од кошулата
rnМалку лак за нокти за кратко време ќе го спречи целосното разлабавување на конците кои го држат копчето. Брзо и едноставно, но привремено решение за кога немате игла при рака или сѐ уште знаете да шиете.rnrn
rn
10. Исчистете ја закоравената нечистотија од чевлите од антилоп со турпија за нокти
rnНежно истурпирајте го нечистиот дел и чевлите ќе ви бидат подготвени за носење уште веднаш.rnrn
rn
11. Изрибајте ги флеките од вода на чизмите користејќи само четка за заби и оцет
rnДоколку чизмите ви се исфлекани од вода, сол или снег, земете четка за заби која малку ќе ја натопите во бел оцет и лесно изрибајте ги флеките. Чизмите за кратко време ќе ви бидат како нови.rnrn
rn
12. Дамките на кожните чевли исчистете ги со чепкалка за уши и малку вазелин
rnМацнете го памукот од чепкалката за уши во вазелинот и со нежни движења исчистете ги дамките на кожните чевли.rnrn
rn
13. Изгребаните чевли ќе ви бидат повторно мазни со нанесување малку хидратантен лосион
rnДоколку немате при рака специјален крем за премачкување на чевли, искористете го вашиот хидратантен лосион така што ќе нанесете малку на чист пешкир и потоа со него ќе ги избришете чевлите. Чевлите ќе ви бидат освежени и подготвени за носење уште веднаш.rnrn
rn
14. Искористете ја сода бикарбоната за да ја отстраните миризбата од патиките
rnСода бикарбоната е лек за сѐ. Испрскајте малку во носените патики и таа ќе ја впие лошата миризба и потта. Веќе нема да имате потреба да ги перете секоја втора недела.rnrn
rnrn