Несреќни сте затоа што сте сингл? Прочитајте го ова!

Сподели

Од кога тоа да бидете сингл се смета за болест од која сите сакат да се ослободат? Зошто мнозинството луѓе мислат дека е подобро да бидете во врска или во брак наместо сингл? Во овој случај, најважна е вашата перспектива. Ако сте сингл и несреќни поради тоа, овие 13 нешта ќе го подобрат вашето расположение.

Реклама

rn

1. Работите ќе се променат

rnНе е важно дали сте сингл неколку години или неколку денови. Навистина е лесно да се разочарате од вашите шанси да го пронајдете совршениот партнер. Немојте да верувате во митовите дека е навистина тешко да стапите во брак по 40-тата година. Запомнете дека сè е возможно. Потребно е само навистина да верувате во тоа.rn

2. Не ги спуштајте вашите стандарди само затоа што не сакате да бидете сами

rnОгромен број луѓе се помируваат со лоша врска само затоа што не сакаат да бидат сами. Ако и вие спаѓате овде, зошто мразите да бидете сами? Дали причината е што не се сакате доволно? Би требало самите да си пружите љубов бидејќи вие сте неверојатни и го заслужувате тоа. Важно е да бидете свесни дека личноста што не ве сака не ве заслужува и воопшто не треба да се обидувате да бидете со неа.rn

3. Искористете го овој период да научите повеќе за себе

rnМногу често луѓето ги користат врските за да избегаат од себе. Кога сте во врска, вашиот фокус е насочен кон партнерот, а не кон вас. Но, колку всушност се познавате себеси? Кога сте сингл е одличен период навистина да се запознаете и да се засакате. Па, откријте нешто ново за себе и работете на личниот развој.rn

4. Не бркајте никого

rnНе ни помислувајте на ова. Ако треба да бркате некоја личност, таа воопшто не ве сака. Ако некој ви дава знак дека не сака да биде со вас, прифатете го тоа и продолжете понатаму. Загубата е негова.rn

5. Станете личноста со која би сакале да бидете во врска

rnНемојте да барате некој што ќе ве надополни. Ако ви е потребно тоа, вие не сте целосна личност. Потребно е вашиот партнер да се смета за најсреќната личност на светот што сте го одбрале него. А кога ќе го пронајдете вистинскиот, така и ќе биде.rn

6. Научете да уживате во сопственото друштво

rnВие сте неверојатни, а доколку не верувате во тоа, грешите. Секој е совршен на негов начин. Проблемот е што сингл луѓето не веруваат во ова. Во ред е да го поминете викендот сами со чаша вино. Можете да уживате во вашето друштво и да не ви треба никој.rn

7. Сè уште постојат добри луѓе

rnНемојте да верувате во митот дека сите добри луѓе се зафатени. Вие сте слободни, зарем не? Потребно е да излезете од вашата глава и да престанете да верувате во лагите на општеството. Постојат многу добри луѓе кои само чекаат да ги запознаете.rn

8. Несигурноста носи можности

rnЕдно од нештата што сингл луѓето не ги сакаат е тоа што не можат да ја предвидат иднината, ниту пак да ја контролираат. Постојано размислуваат за тоа дали засекогаш ќе бидат сами и каде би можеле да сретнат нови луѓе. Многу луѓе не сакаат несигурност и неодговорени прашања, но токму несигурноста крие многу можности. Потребно е само да верувате во тоа.rn

9. Фокусирајте се на она што го имате, а не на она што го немате

rnКога се фокусирате на негативните страни на тоа што сте сингл, само праќате негативна енергија. Фокусирајте се на вашата одлична работа, прекрасните пријатели, вашето здравје, дом… што било. Кога се фокусирате на добрите нешта вашата енергија ќе стане позитивна. Другите луѓе ќе го забележат ова и ќе сакаат да се дружат со вас.rn

10. Правете нешта што ве прават среќни

rnДали сакате да трчате? Правете го тоа. Дали сакате да читате? Упатете се кон некоја книжарница. Колку повеќе сте зафатени, толку поретко ќе се фокусирате на негативностите од тоа што сте сингл. Забавувајте се и можеби токму тогаш ќе ја сретнете личноста од вашите соништа.rn

11. Сакајте се како што сакате да бидете сакани од партнерот

rnАко сте се однесувале лошо кон бившите партнери, размислете за тоа. Ако се однесувате лошо кон себе, променете го тоа и сакајте се. Третирајте се со добрина и почит. Ако сакате квалитетна врска со личност којашто ќе се однесува добро со вас, треба и самите да го правите тоа за себе.rn

12. Кога се чувствувате осамено, дајте им нешто на другите

rnМожеби се чувствувате лошо или сте осамено бидејќи одамна не сте биле на состанок. Во овие ситуации обидете се да дадете нешто. Волонтирајте во некој центар, донирајте пари или стара облека. Колку повеќе им помагате на другите, толку подобро ќе се чувствувате во врска со себе.rn

13. Бидете трпеливи

rnЗа совршеноста е потребно време. Па ако го чекате совршениот партнер потребно е да бидете трпеливи. Немојте да се помирите со првата личност што ќе ја сретнете. Кога одбирате партнер осигурете се дека тој е навистина она што го сакате. Во спротивно можеби повторно ќе треба да го поминете целиот сингл циклус. Одлучете што сакате и верувајте дека со текот на времето ќе го најдете вистинскиот.

Знаете ли дека понекогаш „сингл животот“ е најдоброто нешто што може да ви се случи?

Популарно

Може ќе ве интересира