КАФЕ ПАУЗА

12 знаци дека минувате низ многу важна животна промена

12 знаци дека минувате низ многу важна животна промена

Written by

in

,

Според традиционалните верувања, сите ние поминуваме низ животни промени на секои 7 години. Некои луѓе го забележуваат тоа, додека други го игнорираат. Ако обрнете внимание на знаците, ќе можете да ги разберете и прифатите тие промени на позитивен начин. Не грижете се доколку не сте сигурни како да ги препознаете овие знаци. Следниве 12 знаци ќе ви помогнат да разберете дали поминувате низ голема животна промена моментално…rnrn12 знаци дека минувате низ многу важна животна променаrn

1. Губите интерес за одредени работи и луѓе

rnЗа да можеме да ги пречекаме новите работи, мора прво да се ослободиме од некои нешта што сме ги чувале во минатото. Не грижете се доколку немате интерес за работите што некогаш сте ги обожавале и за луѓето со кои некогаш сте сакале да се дружите. Сето тоа е дел од промената.rn

2. Многу често сонувате со отворени очи

rnСоништата што ги сонувате будни ви стануваат сѐ појасни. Можете да почувствувате доза на реалност во нив. Длабоко во себе почнавте да верувате во нив.rn

3. Чувствувате зголемена вибрација во телото

rnВашето тело почнало да им возвраќа на промените. Можете да почувствувате зголемена вибрација во вашите крвни клетки и во вашите нерви.rn

4. Уживате во самотијата

rnПрошетка во паркот, поминување време сами на работа и во својата соба – вие навистина уживате во самотијата. Тоа не значи дека се изолирате од светот туку дека се зближувате со самите себе. Оваа самотија ќе ви помогне подобро да ја разберете вашата интуиција. Чувствувате доволно мир за да можете да медитирате и да ја следите вашата интуиција кон новата промена.rn

5. Многу читате

rnЧувствувате силна потреба за читање. Филмовите ги имате заменето со книги. Сакате да читате нови работи и многу сакате да учите. Тоа е знак дека се развивате. Вашиот мозок сака да учи за да може да се прилагоди на новата промена.rn

6. Сте станале многу чувствителни

rnОдеднаш чувствувате дека сте бомбардирани со емоции. Не паничете. Имајте верба во себе и смирете се. Можете да ги разберете вибрациите и емоциите на универзумот. Станувате посилни и не само што можете да си помогнете себеси туку можете да им помогнете и на другите.rnrn12 знаци дека минувате низ многу важна животна променаrn

7. Сакате да пробате нешто ново

rnИмате силна потреба да правите нешто ново или да научите нешто ново. Не го игнорирајте ова чувство. Тоа ќе ви помогне со промената.rn

8. Има огромна промена кај вас

rnПромената не ја чувствувате само вие туку и вашите пријатели. Се менувате и вашите најблиски исто така зборуваат за тоа. Прифатете ја промената.rn

9. Имате огромна верба во вашите цели

rnЧувствувате како се буди огнот на страста внатре во вас. Многу сте возбудени и сакате да ги остварите вашите соништа. Тоа е така затоа што сега е вистинското време и навистина ќе си ги исполните соништата.rn

10. Почнавте да сфаќате дека само вие можете да си го контролирате животот

rnПрестанавте да ги обвинувате другите и почнавте да преземате одговорност за своите постапки. Сфаќате дека само вие сте одговорни за сѐ што ви се случува во животот.rn

11. Сфаќате дека проблемите ви помагаат да постигнете успех

rnПовеќе не се жалите за проблемите, туку ги цените овие борби. Знаете дека ќе станете успешни поради нив, бидејќи ви помагаат да напредувате.rn

12. Подобро се разбирате себеси

rnИмате многу поголема самодоверба. Можеби барате совети и предлози од други луѓе, но вие ја носите конечната одлука. Чувствувате дека подобро се познавате себеси.rnrnНе ги игнорирајте овие знаци. Уживајте во секој момент од промената и прифатете го новиот живот.rnrnДоколку не сте убедени, прочитајте ги и овие 8 знаци кои покажуваат дека минувате низ голема трансформација.