За оние коишто се веќе подготвени за посериозна врска или едноставно им здодеало од неуспешни состаноци и кратки афери, постојат неколку начини како да си заштедат на време, а богами и на љубовни болки. Отворените врски одговараат на животниот стил на младите денес, но постојаното вложување во различни личности кои за кратко време ги снемува од нашиот живот, може да биде заморно, па дури и демотивирачки. Од друга страна пак, стоење на страна и чекање „вистинска“ можност за да ѝ пријдеме на личноста која што ни се допаѓа може да нѐ чини нешто драгоцено. Обидете се со некои од следните „правила“ кога размислувате дали да се впуштите во нова романса и со каква личност, па можеби ќе оставите повеќе простор да ја запознаете вистинската.rnrn
rn
1. Доколку ви се допаѓа некоја личност, бидете искрени за вашите чувства
rnВсушност, отвореноста во овој случај уште на почеток може да ве спаси од здодевните игри и постојаното преиспитување дали чувствата ви се возвратени. Плус, во зависност од тоа како ќе изреагира другата страна, можете лесно да процените дали воопшто вреди да вложувате или не. Ако побегне при првиот сигнал, не ви е ни потребна таква личност во животот.rn
2. Одете на состаноци
rnСостаноци од типот на холивудските романтики – вечера, филмче, кафе… сѐ по ред. И не, за состанок не се смета случајна средба во диско и неколку страсни бакнежи во темно ќоше. Разговарајте, дознајте најмногу што можете за него/неа и сигурно полесно ќе ви биде да процените дали сакате да се видите повторно.rn
3. Неуспешните врски не се изговор
rnСите сме имале „утки“ и неколку неуспешни обиди, но не значи дека пропаднатите врски треба да ги користиме како изговор за нефер однесување кон новите партнери. Тоа нема да ве заштити од скршено срце, само ќе пропуштите драгоцени моменти или уште пострашно, квалитетна врска.rn
4. Не ги менувајте приоритетите
rnСекако дека љубовта понекогаш бара компромис и прилагодливост, но доколку сакате посветена врска, а другата личност не е подготвена да престане да се гледа со други, не си дозволувајте да вложувате во некој кој воопшто не е сигурен дали сака да биде со вас.rn
5. Престанете да се грижите за тоа што мислат другите
rnСекој има различна перцепција за тоа како треба да изгледа една идеална врска, сите мислат дека се експерти по ова прашање, но на крајот никој не знае подобро од нас самите што е она што ни е потребно.rn
6. Не ги користете луѓето
rnНе постои доволно добра причина за да ги третирате луѓето околу вас како предмети.rn
7. Дознајте што е можно повеќе за него/неа
rnОва лесно можете да го направите следејќи го второто правило од листава. Бидете вистински заинтересирани за она што другата личност има да ви го каже, дознајте што е можно повеќе и искористете го како адут за изненадување на вториот состанок.rn
8. Почит
rnИма една добра поговорка „Однесувај се спрема другите, онака како што сакаш да се однесуваат кон тебе“. Ова важи и во семејни, љубовни и пријателски врски. Важи во секој аспект од животот.rn
9. Не си играјте со туѓите чувства
rnНема ништо полошо од чувството дека некој е со тебе поради себични причини. Влечењето за нос одговара на девојчиња од четврто одделение, а не на зрели личности. Бидете искрени и отворено кажете зошто не сакате повеќе да сте во врска, сигурно ќе ја поштедите другата личност од болка и понижување.rn
10. Почекајте со интимните моменти
rnВажно правило од многу аспекти. Дајте си време да се запознаете пред да преминете на следното ниво.rn
11. Преминете преку очекувањата
rnСликата која ја имаме за одредени личности, особено ако долго време чекаме да ги запознаеме, често е многу различна од реалноста. Бидете подготвени на изненадувања и нешта кои не сте ги претпоставиле, дури и на карактеристики на личноста кои можеби потешко ќе ги прифатите, но во никој случај не ја обвинувајте другата страна зашто не се поклопува со вашата ментална слика.rn
12. Забавувајте се
rnМлади, вљубени и со отворени срца. Сѐ додека сте свои, си го живеете животот и ги оставате другите да живеат, не можете да погрешите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
