КАФЕ ПАУЗА

Новите правила за професионален успех

Written by

in

,

Од мали нè учат на многу нешта, започнувајќи од зборување и читање, па сè до решавање комплексни математички задачи. Но, никој не ни кажува кои се тајните за успех во реалниот свет. Некои од овие тајни постојат одамна и се безвремени, додека пак некои од нив настанале под влијание на модерните времиња. Погледнете дел од овие нови правила кои ќе ви помогнат многу полесно да успеете во денешниот свет.rnrnНовите правила за професионален успехrnrnРаботете долго. Постои едно старо верување кое ни вели дека треба да работиме мудро, не долго. Но, во денешно време, особено во престижните организации, долгите работни часови се клучот за унапредување и движење нагоре во вашата кариера.rnrnНе бидете тешки за одржување. Да живеевме во подобар свет, шефовите и колегите ќе беа голема поддршка за оние кои имаат потреба од грижа, без разлика дали станува збор за страдање од ментална болест, член на семејството со тешка болест или пак, за едноставно објаснување на задачата која треба да ја извршите. Но, бидејќи живееме во свет каде што секој се грижи само за себе, сите чувствуваат притисок да направат повеќе со помалку, па токму затоа и колку повеќе се држите настрана и си ја вршите самите својата работа, толку поголеми се шансите дека брзо ќе напредувате.rnrnБидете љубезни. Една од клучните карактеристики потребни за успех на работното место е да бидете љубезни и фини кон вашите соработници. Доколку постојано сте во добро расположение, вие многу брзо ќе се одвоите од останатите, а тоа нема да помине незабележано од вашите надредени.rnrnРазвивајте ги вашите технички способности. Вие едноставно не можете да си дозволите да кажете дека не ви оди математика или пак, дека не се разбирате во техничките работи. Доколку сакате да успеете во вашата кариера, без разлика за која станува збор, потребно е што повеќе да си ги завршувате работите сами, а што помалку да барате помош за тривијални нешта кои не се поврзани со вашата работна задача од оние над и околу вас.rnrnИнвестирајте време во себе. Старото правило на оваа тема гласеше: „Дипломата вреди.“ Но, во денешно време универзитетите се исклучително скапи и не нудат скоро никаква гаранција дека потоа ќе ви донесат работа. Од друга страна, постојат многу бесплатни курсеви кои можете да ги посетувате онлајн, многу статии кои можете да ги прочитате во секое време, како и многу ефективни видеа на Јутјуб од кои можете да научите многу. Комбинацијата на овие 3 нешта можат да ви помогнат да ги стекнете потребните вештини и полека да се впуштите во вашата нова кариера без притоа да вложите непотребно многу пари во вашето образование.rnrnНаучете да играте тимски. Индивидуалната иницијација може лесно да биде засенета од тимскиот труд. Но, за тоа да се постигне, членовите на тимот мора да научат како да ги искажат своите несогласувања на тактички начин, како и да бидат трпеливи и активно да се слушаат во текот на целиот процес.rnrnКомуникација. Никогаш не ја потценувајте добрата комуникација. Таа е клучот за успех во сите полиња од вашиот живот. Секогаш давајте фидбек за завршената работа, така што ќе внимавате да не претерате ниту со позитивните, ниту со негативните коментари со цел да ја задржите рамнотежата на работното место.rnrnНе заборавајте на трите крајни цели. Во старото време, крајната цел беше профитот. Но, со оглед на тоа што во денешно време постојано се зголемуваат процентите на работните места, постојат 3 крајни цели: профит, луѓе и планета. Имајте ги на ум сите овие нешта кога донесувате одлуки.