Зарем можете да ги обвините? Овие хороскопски знаци ги поседуваат сите карактеристики што се потребни за да ги привлечат погледите кон себе и тоа го искористуваат на најдобриот можен начин. Иако некои од нив никогаш не би признале гласно, сепак сите подеднакво уживаат во добиеното внимание!rnrn
rn
Бик
rnБикот смета дека е возбудливо да се биде центарот на вниманието. Кога тој ќе биде забележан, се чувствува гордо и успешно. Тој особено ужива кога добива внимание за постигнувањата во својот живот. Тоа е така затоа што е трудољубив и целосно посветен на својата кариера. Кога е на работа, тој обожава да биде фален од надредените кога ги постигнува целите или ѝ помага на компанијата да расте.rn
Лав
rnЛавот ОБОЖАВА внимание! Тој е секогаш најгласната личност во просторијата. Тоа значи и дека знае да прави глупости само за да привлече погледи кон себе. Кога е под сценското светло, целото тело му се полни со адреналин и не постои нешто што не може да го направи. Од тука произлегуваат и драматичните карактеристики, бидејќи обожава кога се зборува за него – особено ако е за некоја лудост.rn
Скорпија
rnСкорпијата е бестрашна и страсна и мрази кога другите луѓе не го забележуваат ова кај неа. Кога е излезена со пријателите, таа мора да биде центарот на вниманието, па затоа и постојано зборува за себе и за своите патешествија, раскажувајќи луди приказни со цел да ги задржи погледите на своето тело.rn
Стрелец
rnСтрелецот е слободен дух што нема потреба од туѓото одобрување. Но длабоко во себе обожава внимание, исто како и секој друг. Тој е храбар авантурист и би се вложил со целото срце и душа за вистинското внимание. Може и со часови да зборува за своите авантури, бидејќи се чувствува гордо што има толку необичен и забавен живот.rnrnДознајте и кои се 4-те хороскопски знаци што постојано се однесуваат како сè да е во ред (дури и кога се депресивни!)