Веројатно кога ќе ви спомнат вежбање првото нешто на коешто помислувате е одењето во теретана. Но, реалноста е дека можете да правите некои лесни вежби и во вашиот дом. Погледнете ги овие неверојатни вежби кои во комбинација со правилна исхрана може да бидат навистина ефективни.rn
1. Странично подигнување на ногата
rnЗастанете на дланките и колената и исправете го грбот. Подигнете ја едната нога колку што можете и држете ја под агол од 90 степени. Вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.rn
2. Планк со подигнување на ногата
rnЗастанете во положба за склекови. Подигнете ја едната нога и држете ја позицијата 1 секунда. Спуштете ја ногата и повторете со другата.rn
3. Мост
rnЛегнете на грб и подигнете го задникот. Останете во оваа положба и бавно спуштете се доле. За поголем интензитет можете да ја кренете едната нога, а потоа да повторите и со другата.rn
4. Латерални подигнувања на ногата
rnЛегнете на страна, а колковите нека ви бидат точно еден на друг. Подигнете ја горната нога и бавно вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.rn
5. Руски твист
rnСеднете со свиткани колена. Малку навалете се наназад и подигнете ги стапалата. Полека завртете го горниот дел од телото на едната страна, вратете се во почетната положба, па завртете се на другата страна.rn
6. Планк
rnОва е многу едноставна, но ефективна вежба. Свиткајте ги лактите и поставете ги точно под вашите рамена. Вашето тело треба да формира права линија од главата до стапалата. Држете ја положбата колку што можете. Грбот држете го исправен.
Продолжува на следната страница…

