Не секоја приказна завршува со романтично јавање на коњ до непознат замок, во прекрасно кралство на крајот од светот. Не секоја принцеза го наоѓа принцот од соништата. Понекогаш литературните класици знаат да бидат тажни.rnrn
rnrnЗа разлика од „среќните краеви“ на Дизни кои ќе ви го стоплат срцето, литературните класици често имаат пореален крај. Покрај сѐ, големите писатели имале намера да го прикажат и критикуваат општеството во кое живееле, а не да ги залажуваат малите девојчиња со тијари и тинејџерски бракови.rnrnПриказните и карактерите нема да беа реалистични ако сѐ завршеше совршено. За жал, во реалноста момчето не се појавува секогаш со букет пред врата. Земете марамчиња за да ги избришете солзите и откријте кои се 14-те најтажни љубовни краеви од најпознатите литературни дела.rn
1. Пип и Естела, „Големите очекувања“
rnИако Естела може да се користи како поим во речник за некој кој има проблеми со интимата, сепак сите сакавме тие да останат заедно. Но, можеби сите требаше да имаме „поголеми“ очекувања од Пип.rn
2. Винстон и Џулија, „1984“
rnСамо што помисливме дека љубовта може да победи сѐ, сепак на крај системот победува повторно. Како може љубовта да опстане кога се соочени со најголемите стравови во собата 101? Барем Винстон засекогаш ќе го има Големиот Брат.rn
3. Хамлет и Офелија, „Хамлет“
rnНе вљубувајте се во лудаци, бидејќи и вие ќе полудите. Офелија, тој е непоправлив. Можеби требаше да го послушаш неговиот совет и да отидеш во женскиот манастир.rn
4. Др. Франкенштајн и Елизабет, „Франкенштајн“
rnЗамислете вашето животно дело да ја убие вашата единствена љубов? Вреди, затоа што подобро е остатокот од животот и смртта да ги посветите на одмаздата кон вашата сопствена креација, отколку еднаш во животот да сте среќен младоженец.rn
5. Ромео и Јулија, „Ромео и Јулија“
rnТокму поради оваа приказна тинејџерите не треба да стапуваат во брак. Еј Ромео, можеби следниот пат е подобро да провериш дали таа има пулс пред да го испиеш отровот.rn
6. Гетсби и Дејзи, „Големиот Гетсби“
rnГетсби веруваше во зелената светлина. Тој направи сѐ за да ѝ овозможи живот каков што таа сакаше, но таа веруваше во парите и статусот во општеството. Извини Џеј, но наместо да ја импресионира, твојот голем жолт автомобил само предизвика уште повеќе проблеми.rn
7. Хитклиф и Кетрин, „Оркански височини“
rnПовторно, сѐ зависи од општествениот статус. Наместо приказна за сираче кое наоѓа дом и љубов, добивме 400 страни исполнети со смрт, безнадежност, одмазда и вампири.rn
8. Кони и Роуз од Шерон, „Плодови на гневот“
rnИдеализмот и соништата не можат да се одржуваат под притисокот на емигрантскиот живот. Кога Кони е во затвор, Роуз останува сама и скршена, но станува уште посилна. Исто така, крајот е чуден и морничав. Ајде само да кажеме дека вклучува млеко за доење и човек што умира.rn
9. Отело и Дездемона, „Отело“
rnНа почетокот Шекспир алудира дека љубовта може да ја победи суровоста на расизмот од 16-от век. И по кратко време, изманипулиран од Јаго, Отело ја убива Дездемона поради „неверство“.rn
10. Димсдејл и Хестер, „Црвеното писмо“
rnЛоша репутација и јавно понижување: Никогаш не вљубувај се во проповедникот, туку во неговиот син. Никогаш не се плеткај со друг маж пред да си сигурна дека твојот сопруг е мртов, посебно кога твојот сопруг (и љубовник) е комплетно откачен.rn
11. Хенри и Кетрин, „Збогум на оружјето“
rnДали тие ќе беа добри родители? Не. Тие беа ужасни, себични луѓе. Но, дали Кетрин мораше да умре? Дефинитивно не!rn
12. Тес и Ејнџел, „Тес од Дурберфилдс“
rnКомуникација, комуникација, комуникација. Само тоа беше потребно за да се спречеше патувањето во Јужна Америка и бесењето.rn
13. Скруџ и Бел, „Божиќна приказна“
rnСамо да можеше Скруџ да ја сака, како што го сакаше својот паричник. Бел продолжи со животот, но барем Скруџ остана заедно со своите пари.rn
14. Мерсо и Мари, „Странецот“
rnНа Мерсо воопшто не му беше грижа. Мари, не можеш да го промениш, колку и да се трудиш.