КАФЕ ПАУЗА

Најпознатите жени лидерки

Најпознатите жени лидерки

Дека жените можат да го прават она што го прават мажите, многупати и многу подобро, сведочат жените лидерки на оваа листа. Ова се само дел од жените кои ја имаат променето историјата.rn

Најплатениот извршен директор на компанијата Apple

rnАнгела Арентс е најплатениот извршен директор на американската мултинационална компанија за технологија, Apple. Пет години беше шеф на малопродажниот оддел на Apple, а претходно работела како извршен директор на британската луксузна модна куќа – Burberri.rnrnНајплатениот извршен директор на компанијата Apple  rn

Првата жена канцеларка на Германија

rnВо 2005 година, Ангела Меркел постана првата жена канцеларка на Германија. Меркел е прогласена за жена на годината од списанието Time во 2015. Таа е прва жена која ја добила наградата од 1986 година наваму и прва личност од Германија која успеала во тоа по 1970 година.rnrnПрвата жена канцеларка на Германијаrn

Првата министерка за финансии на Франција

rnКристин Легард беше првата министерка за финансии на Франција во периодот 2007-2011 година. Исто така, таа е првата жена извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд од 2011 до 2019 година, и претседател на Европската централна банка од 2019 година до денес.rnrnПрвата министерка за финансии на Францијаrn

Првата жена претседател во Африка

rnЕлен Џонсон Сирлиф е првата жена претседател во Африка. На својата прва кандидатура изгуби од противкандидатот кој потоа беше осуден за воени злосторства. Потоа во 2006 година победи на претседателските избори, а во 2011 година беше реизбрана.rnrnВо 2011 година, заедно со Лимах Гуве и Тавакул Карман, доби Нобелова награда за мир – за нивната ненасилна борба за безбедноста и правата на жената.rnrnПрвата жена претседател во Африкаrn

Жената која била затворана 13 пати

rnЕмелин Панкхерст постана позната во светот по тоа што била затворана 13 пати. Таа била основач на Женскиот општествен и политички сојуз во кампањата за женско парламентарно гласање во Едвардијанската ера во Британија. Како моќен говорник за општествени реформи, има покренато масовно движење за женските демократски права.rnrnЖената која била затворана 13 патиrn

Жената зад првото женско списание

rnГлорија Стејнем била коосновач на првото феминистичко списание – Ms. Magazine. Ова списание е и прво кое е креирано и уредувано од жени. Стејнем во 1963 година работела како тајна зајачица, како резултат на што ги разоткрила лошите плати и услови за работа во њујоршкиот Плејбој Клуб. Години подоцна, во 2013 година, Американскиот претседател Барак Обама, ѝ доделил претседателски медал на слободата.rnrnПрвото женско списаниеrn

Првата жена која ја водеше компанијата Pepsi

rnИндра Ноји е деловна жена која во 2001 година стана петтиот претседател и извршен директор во дотогашното 42-годишно постоење на брендот Pepsi. Воедно, во тоа време таа била една од 11-те жени извршни директорки на компанија од Fortune 500.rnrnПрвата жена која ја водеше компанијата Pepsirn

Автор: Катерина Каланоска