Човекот е социјално суштество кое не може да опстане без пријателите. Социјализацијата и создавањето на нови пријатели како и на одреден круг од пријатели се есенцијален дел од животот на човекот. Но, не треба да бидеме пријатели со секого. Многу е важно внимателно да ги одбираме луѓето со кои се дружиме и уште поважно, како им дозволуваме да се однесуваат со нас.rnrn
rn
1. Сакаат да им го посветите целото слободно време
rnМожеби на почеток е слатко да ги поминувате сите моменти заедно, но да го трошат целото ваше слободно време е претерано. На секого му е потребно малку време сами или околу други луѓе. Ако ваквите луѓе не сакаат да отстапат од ова, тогаш имате проблем од кој треба брзо да се ослободите.rn
2. Даваат злонамерни комплименти
rnТоа се таков тип луѓе кои преку комплимент сакаат да ви кажат дека нешто не е во ред со вас. Звучи како комплимент, но не се чувствувате така? Тргнете се од нив. Вие заслужувате вистински и искрени комплименти.rn
3. Постојано се жалат
rnЛуѓето кои постојано се жалат и никако не придонесуваат во вашиот живот се луѓе кои дефинитивно не ви се потребни во животот. Тие ниту влијаат позитивно на вас, ниту имате некаква корист од нивното однесување. Но, ако веќе ако им дозволувате да ви се жалат, тогаш бидете сигурни дека тие преземаат нешто околу тоа и не остануваат само на зборови.rnrn
rn
4. Очекуваат да правите компромис за сѐ
rnТочно е дека некогаш треба да правите компромис и да се откажете од вашите барања, но тоа не треба да го правите секогаш. Не сте должни да се откажувате од сето она што го сакате. Компромис треба да постои од двете страни. Ако само едната страна секогаш се откажува од она што го сака, тогаш сигурно ќе настанат проблеми, порано или подоцна.rn
5. Постојано наоѓаат причина за карање
rnНа повеќето луѓе не им е пријатно да бидат во околина каде што постојано има негативна енергија и расправии. Па така и вие не сте должни да трпите нечии караници. Заслужувате средина која зрачи со позитивност и оптимизам.rnrn
rn
6. Не веруваат во вас
rnАко луѓето околу вас не веруваат во вашите идеали и соништа, тогаш мала е веројатноста дека ќе успеете да ги постигнете зацртаните цели. На секого му е потребна поддршка и разбирање. Не смеете да си го скратувате ова право.rn
7. Постојано се навраќаат на минатото
rnНема ништо добро во спомнувањето на минатото и неговите грешки. Вие живеете во сегашноста и се стремите кон иднината. Но, тоа станува многу потешко ако некој постојано ве навраќа назад.rn
8. Секогаш наоѓаат маани
rnБез разлика што и да направите никако не можете да ги усреќите. Свестете се. Време е да престанете да ги задоволувате туѓите потреби и да размислите за вашите. Луѓето кои вредат да се најдат во вашата близина секогаш ќе ви даваат поддршка и љубов. Не смеете да се чувствувате како да сте бескорисни. Не го дозволувајте ова.rnrn
rn
9. Ги омаловажуваат вашите соништа
rnПотребен ви е оптимизам и поддршка, а од ваквите луѓе тоа никогаш нема да го добиете. Опкружете се со луѓе кои веруваат во вас и во вашите квалитети. Така најлесно ќе успеете во она што сте го зацртале.rn
10. Не опростуваат
rnЛуѓето кои се злопамтила и силно се држат за вашите грешки од минатото се луѓе кои дефинитивно не треба да останат во вашиот живот. Сите правиме грешки и човечки е да простуваме, но овие луѓе никогаш нема да го направат тоа. Затоа, трудот да ги промените е залуден. Продолжете понатака без нив во вашиот живот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
