Никогаш не е лоша идеја да се опуштите, да излезете надвор од удобната зона и да видите што би се случило! Овде ви нудиме 30 едноставни начини како можете да ги промените работите за само 30 дена. Можеби нема да го најдете „вистинскиот“, но ви гарантираме дека после ова ќе научите нешто ново и дека ќе се чувствувате горди како сингл девојка.rnrn
rnrnМожеби ви треба и потсетување на фактот дека момчињата дефинитивно не се сè во вашиот живот! Па… што чекате? Почнувајте!rnrnДен 1: Заследете го на Инстаграм прекрасниот пријател на вашиот пријател.rnrnДен 2: Запишете кои карактеристики би сакале да ги има вашиот иден партнер.rnrnДен 3: Запишете ги карактеристиките коишто не сакате да ги има вашиот иден партнер.rnrnДен 4: Дотерајте се и направете прекрасна селфи фотографија.rnrnДен 5: Излезете на пијалак на места каде што никогаш претходно не сте биле и не пропуштајте да запознаете потенцијален партнер.rnrnДен 6: Контактирајте со очи со некој (или секој) што го сметате за привлечен.rnrnДен 7: Симнете нова апликација за онлајн љубовни состаноци.rnrnДен 8: Дозволете ѝ на вашата пријателка да ви закаже состанок на слепо.rnrnДен 9: Дајте му го вашиот број на некој со кого само што сте се запознале.rnrnДен 10: Поминете откачена ноќ со друга ваша сингл пријателка.rnrnДен 11: Испланирајте вечерно излегување, а притоа охрабрете ги вашите пријателки да поканат луѓе коишто вие не ги познавате.rnrnДен 12: Посегнете по некој од минатото со којшто сте се сретнале во погрешно време.rnrnДен 13: Поканете на состанок некој којшто го знаете само преку социјалните мрежи.rnrnДен 14: Конечно блокирајте го или избришете го од пријатели бившиот со којшто не сте во добри односи.rnrnДен 15: Започнете разговор со некој непознат.rnrnДен 16: Излезете со пријателките во ноќен караоке бар и испејте моќна песна наменета за девојките.rnrnДен 17: Поминете цел ден без да ги користите социјалните мрежи.rnrnДен 18: Поминете колку што можете повеќе време без да му испратите порака на вашиот пријател со придобивки.rnrnДен 19: Исфрлете ги старите спомени од претходните љубовни врски.rnrnДен 20: Направете нешто смело во врска со денешниот изглед, па поминете го цел ден размислувајќи позитивно за себе.rnrnДен 21: Поминете ја вечерта сами со себе, вечерајќи и гледајќи го вашиот омилен филм.rnrnДен 22: Придружете се или започнете нов вид дружење, било тоа да е во клуб на читатели или пак, во некој спортски тим.rnrnДен 23: Купете си нова облека и зачувајте ја за состанокот околу кој ќе бидете навистина возбудени.rnrnДен 24: Одете на ручек со вашата пријателка и притоа обидете се да не зборувате за вашиот љубовен живот.rnrnДен 25: Направете нешто за себе, како на пример излезете со вашето куче или пак, читајте книга во парк.rnrnДен 26: Оставете додворувачки коментар на објавата на социјалните мрежи од вашата симпатија.rnrnДен 27: Создадете нови спомени на местото каде што имате носталгична поврзаност со вашето претходно момче.rnrnДен 28: Запалете свеќи, пуштете си релаксирачка музика и посегнете кон вашата бања.rnrnДен 29: Прашајте ги родителите или некој од вашите најблиски за љубовен совет.rnrnДен 30: Денес трудете се да се забавувате колку што можете повеќе и не грижете се за вашиот љубовен статус!
Сингл девојки, бидете храбри и прифатете го овој 30-дневен предизвик!
