Комбинезони, комбинезони, комбинезони… Тоа прекрасно парче облека кое истовремено е гламурозно и удобно, може да се носи во сите прилики и без сомнение ќе ви донесе многубројни пофалби, барем од женските усти. Комбинезоните ги обожавале и дивите на стариот Холивуд, се носеле во бројни модни периоди, а денес се модерни во кежуал, свечени и кул варијанти. Ова ефективно парче облека се исплати за секој даден денар, но не е наједноставно за носење, а тоа го знаат жените кои не можат да им одолеат. Погледнете со што се соочуваат оние девојки што редовно носат комбинезони.rnrn
rn
1. Како ќе одам во тоалет?
rnНајголемиот и клучен проблем со комбинезоните е одењето во тоалет, особено кога сте сами на работа, или уште полошо, во дискотека. Нема друг начин освен да го соблечете цел, притоа внимавајќи ништо да не се влече по подот.rnrn
rn
2. Дали ногавиците ќе ми бидат прекратки?
rnНогавиците може лесно да се скратат, но што ако моделот е таков што супер ѝ прилега на вашата пониска пријателка, но на вас изгледаат како да имате поплава дома?rnrn
rn
3. Дали мојот задник изгледа сплескано во нив?
rnДури и најдобриот задник може да изгледа лошо во погрешно скроените комбинезони кои често знаат да дадат впечаток на долг, сплескан задник. Девојките кои инаку имаат рамен задник би требало да избираат комбинезони со потемен долен дел или оние со поголем волумен.rnrn
rn
4. Како ќе го соблечам ако немам никој дома?
rnКој ќе го повлече патентот на грбот? Кој? Кој?rnrn
rn
5. Изгледам ли како автомеханичар?
rnВо 5 од 10 случаи, одговорот е да. Извинете, не сме ние виновни.rnrn
rnrnПреминете на следната страница за останатите проблеми…rn