rn
6. Кој градник ќе го облечам под него?
rnКога се гаќичките во прашање, одговорот е добро познат – предвид доаѓаат само тангите и гаќичките без рабови, но градникот е многу потешко да се избере. Кога станува збор за модел со гол грб, немојте да ги заборавите лепенките за брадавици за да не изгледате вулгарно, а за поголемиот дел од останатите модели одличен ќе биде градникот без прерамки со длабок израз.
rn
7. „Палец на камила“ (Camel toe)
rnКој не знае за што зборуваме, супер, но кој често носи комбинезони добро ја познава оваа мака.
rn
8. Како ќе го нарачам преку Интернет?
rnКомбинезонот е еден од најризичните артикли што можете да ги нарачате преку Интернет. И горниот и долниот дел мора истовремено да ви прилегаат совршено, а поголемиот број жени немаат иста величина на горната и долната половина. Ако можете, купете го комбинезонот кој сте го пробале.
rn
9. Зошто не можам да го носам со кој било чевли?
rnИли е доволно долг за високи потпетици, или за патики – нема средина!
rn
10. Дали ќе ми се смее момчето ако отидам на љубовен состанок во ова?
rnМомчињата сѐ уште не успеале да ја пронајдат разликата помеѓу здолниште и фустан, а камоли за комбинезоните и останатите модни комбинации. Освен ако е модно освестен и сака кул парчиња облека, најверојатно нема да разбере зошто сте во „пижами“, но дали тоа некогаш порано ве спречило да облечете нешто?

