Уличната уметност сѐ повеќе добива третман на прекрасна и легитимна форма на уметност ширум светот. Но, артистите не остануваат само на ѕидните површини, улиците и тротоарите. Тие истражуваат нови места врз кои можат да ја изразат уметноста и притоа да придонесат за поубава околина за живеење.rnrn
rnrnВо селекцијата фотографии од најубавите колоритни скали во светот ќе видите паметни креации кои можеби не би можеле да ги забележите качувајќи се скала по скала, но ако ги видите од вистинската перспектива, ќе откриете огромни воодушевувачки уметнички дела. Качувајќи се по скалите, пешакот има можност да ја гледа сликата како постепено се шири и растегнува, како полека се открива и извртува.rnrnНекои од овие маестрални улични дела се производ на заедничкиот труд на заедницата, што зборува за сѐ поголемото прифаќање на уличната уметност. Скалите обоени со виножито во Турција се насликани од локалните власти, што било поттик за слични вакви слики во околните населби. Мозаикот пак во Сан Франциско е креиран од над 300 луѓе под внимателно раководство на неколку артисти.rn
1. 16-та Авенија, Сан Франциско
rn
rn
2. Валпараисо, Чиле
rn
rn
3. Сеул, Јужна Кореја
rn
rn
4. Валпараисо, Чиле
rn
rn
5. Анже, Франција
rn
rn
6. Сицилија, Италија
rn
rn
7. Музејот за уметност во Филаделфија
rn
rn
8. Рио де Жанеиро, Бразил
rn
rn
9. Вупертал, Германија
rn
rn
10. Бејрут, Либан
rn
rn
11. Бејрут, Либан
rn
rn
12. Музичкиот театар во Сеул, Јужна Кореја
rn
rn
13. Истанбул, Турција
rn
rn
14. Скалите на мирот во Сирија
rn
rn
15. Рио де Жанеиро, Бразил
rn
rn
16. Морле, Франција
rn
rn
17. Техеран, Иран
rn
rnrnПа зарем покрај вакви скали, некој би сакал повеќе да се вози со лифт?!