КАФЕ ПАУЗА

10 причини зошто никогаш не треба да си играте со емпат

10 причини зошто никогаш не треба да си играте со емпат

Written by

in

,

Емпатите се навистина надарени во многу аспекти. Тие се експерти за читање говор на тело и мисли. Веднаш знаат што размислувате, а не кажувате дури и да не сте свесни за тоа. Тие ги чувствуваат туѓите емоции како да се нивни, а благодарение на тоа тие се одлични слушатели способни да ги решат сите проблеми. Но, тие имаат уште една ретка особина која ги прави уште помоќни. Тие одлично ја разбираат човечката психологија. Доволно е само еднаш да ве погледнат и да проценат дали сте лажливци, измамници или злобни, за да можат однапред да се заштитат. Ова се 10-те причини зошто никогаш не треба да си играте со емпатите, ако не можете да се справите со нивните моќни карактерни особини…rnrn10 причини зошто никогаш не треба да си играте со емпатrn

1. Тие се човечки детектори на лаги

rnМожеби сте прочитале како да препознаете кога некој ве лаже. Постојат неколку знаци, од тоа дали ве гледаат право во очи и даваат премногу непотребни детали до нивните несвесни движења на телото. Можете да ги научите сите овие тактики. Меѓутоа, на емпатите не им се потребни, бидејќи тие се родени со дарбата веднаш да ги препознаат лагите. Не знаат како се случува тоа, туку го чувствуваат.rn

2. Можат да почувствуваат љубомора

rnЕмпатите знаат кога сте им љубоморни, дури и ако давате сѐ од себе за да го скриете тоа. Можеби се однесуваат како да не ја забележуваат вашата љубомора, но ја забележуваат. Меѓутоа, тие никогаш не би ви го кажале тоа за да не се почувствувате непријатно. Можеби дури и ќе се однесуваат поскромно во ваша близина за да не ја поттикнуваат вашата љубомора.rn

3. Не можете да ги измамите

rnКако што веќе кажавме, емпатите ги забележуваат туѓите емоции, така што нема шанси да ги измамите. Кога ќе почувствуваат дека нешто не е во ред со некого, се оддалечуваат од таа личност за да се заштитат.rn

4. Можат да почувствуваат омраза

rnЕдна од најсилните емоции што емпатите можат да ја почувствуваат е омразата. Оваа емоција пренесува толку силна негативна енергија што емпатите не можат да ја поднесат. Тие се оддалечуваат бидејќи не сакаат да се изложат на влијанието на омразата. Меѓутоа, вашата омраза не ги повредува, бидејќи се чувствуваат пријатно во своја кожа и сакаат да бидат опкружени само со позитивна енергија и добри луѓе.rn

5. Можат да ги забележат вашите предрасуди

rnДоколку имате скриени предрасуди за луѓето со поинаква боја на кожата или сексуална ориентација, емпатите можат да го забележат тоа без да бидете свесни. Емпатите не ги сакаат површните луѓе полни со предрасуди и омраза кон поединците што се разликуваат од нив.rnrn10 причини зошто никогаш не треба да си играте со емпатrn

6. Знаат кога не ви е добро

rnСигурно сте разговарале некогаш со некого и на прашањето „Како си?“ сте одговориле со „Добро сум“ иако длабоко во себе не сте се чувствувале добро. Можеби сте сакале да ги скриете вашите емоции за да не мора да објаснувате зошто сте вознемирени, но емпатите ќе знаат дека сте излажале. Ќе ве прашаат зошто се чувствувате така и ќе ви понудат рамо за плачење трудејќи се да ви помогнат најмногу што можат.rn

7. Мразат неискрено ласкање

rnЕмпатите можат да почувствуваат кога некој им дава лажни комплименти и внимание за да добие нешто од нив. Дури и да не изреагираат на таквото однесување, емпатите можат да забележат што се обидувате да направите. Освен тоа, тие ги мразат површните муабети и ништо не ги нервира повеќе од ласкавците.rn

8. Знаат кога некој е на погрешен пат

rnАко сте доволно среќни да имате емпат за пријател и тој се обидува да ве предупреди за нешто, послушајте го. Ако емпатите чувствуваат дека нешто не е во ред, тогаш треба да знаете дека имаат право. Нивната интуиција е толку развиена што чувствуваат кога нешто ќе тргне наопаку.rn

9. Знаат кога глумите нешто што не сте

rnЕмпатите знаат кога некој глуми во нивна близина и се обидува да биде нешто што не е. Емпатите го мразат ова. Тие мразат одвоени личности. Ако сакате да привлечете емпат во вашиот живот, мора секогаш да бидете свои. Тие ќе ги прифатат вашите мани без никаков сомнеж сѐ додека не се преправате.rn

10. Можат да препознаат кога некој ги искористува

rnЕмпатите не се наивни. Тие знаат кога некој ги искористува и нема да толерираат ниту една форма на злоупотребување. Доколку забележат дека некој ги искористува, веднаш излегуваат од таквата ситуација.rnrnВо продолжение, прочитајте ги следниве 30 знаци дека сте емпат.