Семејство, кариера, дом, социјален живот – постојат жени кои се успешни на сите овие полиња. Како го прават тоа?rnГи познавате ли оние неуморни жени кои очигледно можат да постигнат сè што сакаат? Тие се сосема спротивни од оние луѓе кои се жалат и не прават ништо, затоа што тие се самоуверени жени кои бргу застануваат на нозе дури и кога наидуваат на пречки.rnВо реалноста, нема неуморни или совршени жени, секоја жена има добри денови, кога работите се одвиваат според планот, но и тешки денови, кои се чини дека никогаш нема да завршат. Но, постојат одредени работи кои ги одвојуваат овие жени од останатите:rnrn
rn
1. Тие ги соопштуваат своите потреби
rnТие навидум совршени жени се жени кои научиле да бараат помош и да ги соопштуваат своите потреби. Има жени кои го прифаќаат фактот дека не секогаш можат да имаат контрола во животот. Има жени кои не се срамат да побараат помош од партнерот, семејството или тимот.rn
2. Знаат колку е важно да се постават одредени граници
rnОвие жени имаат време да ги постигнат сите свои цели токму затоа што научиле да поставуваат граници. Повеќе не трошат време и енергија на ситници кои воопшто не им помагаат – знаат да кажат НЕ на многу работи и луѓе. Тие се заинтересирани за работите што навистина ги прават среќни и повеќе не учествуваат во настани само затоа што „мораат“.rn
3. Се грижат за себе
rnСи подаруваат моменти на мир, релаксирачки денови и успешно се трудат да го намалат секојдневниот стрес. Колку и да се зафатени, тие знаат да си пружат неколку моменти на спокојство и убавина само за себе.rnrnЗапомнете дека не постојат совршени жени, затоа престанете да се споредувате себеси или да се чувствувате како да не сте доволно добри. Почнете да се фокусирате повеќе на она што е добро за вас и што ве прави среќни.rnrnОткако прочитавте за особеностите на моќните, неуморни жени, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие инспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
