Кои ќе бидат главните трендови за убавина во текот на летото?

Сподели

Додека некои луѓе го обожаваат летото, некои едноставно не можат да ги издржат високите температури, но едно е сигурно: сите ја сакаат летната шминка. Летната шминка е ведра, свежа и сјајна, па бидејќи ќе имате потемен тен, потребна ви е минимална шминка за да изгледате одлично. Погледнете кои трендови за убавина ќе бидат во мода во текот на претстојното лето.rn

Реклама

Светлорозови усни

rnЗаборавете на црвениот кармин до почетокот на есента. Во текот на летото ќе доминира светлорозовиот кармин во боја на лубеница. Одозгора ставете бисерна пудра во прав за да трае подолго. Не плашете се да додадете розови нијанси на очните капаци и на образите.rn

Реклама

Тенка линија ајлајнер

rnСè што ви треба е ајлајнер со остра и мала четка. Се препорачува да го нанесете производот кон слепоочницата за да постигнете изглед на мачкини очи.rn

Големи веѓи

rnВеќе не ви се потребни моливче или сенка за веѓите. Сè што треба да направите е да ги четкате веѓите нагоре и да ги поправите со проѕирен гел.rn

Розово руменило

rnАко природата ви дала природно руменило, радувајте се! Тоа ќе биде еден од најпопуларните летни трендови. Ако не, тогаш набавете си четка и розово руменило.rn

Ефект на влажна кожа

rnВлажната кожа не е нов тренд, а многумина веќе го обожаваат. Овој ефект можете да го постигнете со помош на хајлајтер. Ако имате мрсна кожа и мислите дека овој тренд не е за вас, обидете се со сув хајлајтер.

Погледнете кои се 8-те летни трендови што веќе можете да ги видите на Инстаграм.

Најново

Може ќе ве интересира