Дали верувате во хороскоп? Без разлика дали верувате или не, сигурни сме дека ќе се пронајдете во следниов хороскоп. Прочитајте каква иднина ви претстои во наредните денови и насмејте се до солзи…
rn
Овен
rnРабота: Сфативте дека вашиот шеф е глупав веднаш штом ве вработи.
Здравје: Можеби ви е мал, но барем простатата ви е зголемена.
Љубов: Се оженивте и сега во паричникот чувате фотографија од жена ви, наместо пари.rn
Бик
rnРабота: Немојте да ги потценувате вашите способности. И онака сите останати веќе го прават тоа.
Здравје: Најубаво е да се биде хипохондрик кој работи во аптека.
Љубов: Ако сте тинејџери, искористете ја приликата за да започнете врска со тинејџерка. Подоцна тоа нема да биде легално.rn
Близнаци
rnРабота: Секако дека вашиот докторат вреди. Само научниците можат да заработат за една година повеќе одошто можат да заработат фудбалерите за еден ден.
Здравје: Му кажавте на психијатарот дека размислувате за самоубиство. Сега тој бара да му плаќате однапред.
Љубов: Или имате ерекција или се радувате поради тоа што конечно ја излечивте импотенцијата.rn
Рак
rnРабота: Не ви се верува колку неписмени колеги имате. Се сомневате дека вашиот шеф не знае да користи компјутер.
Здравје: Загрижени сте поради тоа што вашиот пластичен хирург го обожава Пикасо.
Љубов: Сега ви е жал поради тоа што не бевте џентлемени и не ѝ ја отворивте вратата од автомобилот на вашата девојка, туку само испливавте на површина.rn
Лав
rnРабота: Ништо не ви оди од рака. Кога би отвориле погребално, луѓето би престанале да умираат.
Здравје: Почнува да ви станува сомнително тоа што заболекарот по секоја интервенција ви подарува еден куп чоколади и бонбони.
Љубов: Девојка ви мисли дека ја изневерувате. Од друга страна, пак, вашата сопруга воопшто не се сомнева во вас.rn
Девица
rnРабота: Одбрани сте за работник на месецот кој ќе добие отказ.
Здравје: Колку помалку ве интересираат списанијата во чекалната, толку повеќе чекате за преглед.
Љубов: Можеби вашиот сопруг сѐ уште ќе беше жив доколку не доживееше срцев удар токму тогаш кога игравте пантомима.rn
Вага
rnРабота: Ве изненади тоа што добивте отказ, иако работите како јасновидци.
Здравје: Толку многу вежбате што буквално не можете да излезете од теретана.
Љубов: Кога се работи за љубовта, вие секогаш ги имате предвид следниве непишани правила:
1.
2.
3.rn
Скорпија
rnРабота: Налетувате на многу интересни луѓе откако почнавте да возите шлепер.
Здравје: Ако ве пецка додека мокрите, оддалечете се од радијаторот.
Љубов: Можеби мислите дека не сте педофили, но малку е сомнително тоа што роденденот на девојка ви го славевте во игротека.rn
Стрелец
rnРабота: Вие навистина ги мотивирате колегите. Откако се вработивте, сите работат дупло повеќе.
Здравје: Мака ви е од мачнината.
Љубов: Сфативте дека вашата девојка инсистира на користење заштита дури тогаш кога го извади солзавецот.rn
Јарец
rnРабота: Не грижете се, не е сѐ така црно. Ќе добиете имејл од богат принц од Нигерија.
Здравје: Лоши вести од ушниот лекар. За среќа, нема да ги слушнете.
Љубов: Ви беше тешко да ја изгубите тештата, но некако успеавте.rn
Водолија
rnРабота: Добивте отказ од фабриката за хелиум, бидејќи на вашиот шеф не му се допаѓаше тонот со кој му се обраќавте.
Здравје: Ви исчезнаа проблемите со половината откако почнавте да се занимавате со политика.
Љубов: Или сите ваши бивши се луди или никој нормален не бил со вас.rn
Риби
rnРабота: Не можевте да ги поднесете туѓите гомна, па затоа дадовте отказ од фабриката за чистење септички јами.
Здравје: Треба да поразговарате со психијатар околу вашиот однос со мајка ви. Проблемот е во тоа што мајка ви е психијатар.
Љубов: Љубовта е само збор. Во вашиот случај тој збор има 12 букви: апстиненција.
Прочитајте и како изгледа кога сите хороскопски знаци ќе тргнат заедно на пат…

