Кога ќе ги слушнете зборовите „те сакам“, лесно е да поверувате во нивната вредност. За жал, не секој човек што ги кажува овие зборови е искрен кога ги кажува. Некои дури ќе ви кажат дека ве сакаат само за да можат да ве искористат или да ве злоупотребуваат. Факт е дека не можете да им верувате на зборовите на еден човек кога станува збор за покажувањето љубов.rnrn
rnrnАко сакате да видите како мажите велат „те сакам“ и колку навистина партнерот се грижи за вас, погледнете ги неговите постапки. Следните 10 постапки се многу добри знаци што откриваат дека тој навистина се грижи за вас.rn
1. Колку често го менува своето однесување кога ќе му кажете дека ве вознемирува нешто што прави
rnМомчето што ве сака, ќе стори сè што може за да ве направи среќни.rnrnАко слушне дека нешто ве вознемирува, човекот што ве сака ќе се потруди да го поправи тоа. Ако го игнорира тоа што го кажувате, тоа значи дека вашата среќа не му е приоритет.rn
2. Неговата посветеност
rnАко тој вели „те сакам“, но не ви е посветен, тоа значи дека всушност не ве сака. Ако партнерот постојано ви посветува внимание и ве покажува во јавност, тогаш дефинитивно ве сака.rn
3. Колку брзо одговара на вашите повици
rnДури и ако ви каже дека ве сака, мажот кој е „премногу зафатен“ со денови или со часови за да ви испрати порака, веројатно не е многу заинтересиран за вас.rnrnКога сакате некого, не можете да дочекате да се слушнете. Истото важи и за мажите. И тие одвојуваат време за работите за кои се грижат.rn
4. Колку често ви помага во обврските
rnЧовекот кој навистина ве сака, ќе ви помогне во повеќето необични задачи што ги правите, само затоа што знае дека тоа ќе ве направи среќни.rnrnАко тој никогаш не ги мие садовите или не ви помага во некои други домашни обврски, тоа значи дека ве зема здраво за готово.rn
5. Колку често сте интимни
rnАко немате редовно секс, или уште полошо, ако треба да го молите за секс, тој не ве сака. Од друга страна, ако тој не може да ги држи рацете подалеку од вас, може да се каже дека ве сака.rn
6. Неговото гушкање
rnЕден од најчестите начини на кои луѓето покажуваат љубов е преку гушкањето. Тоа е интимен чин и е резервиран само за луѓето за кои навистина се грижите.rnrnОва особено важи за мажите затоа што тие честопати може да имаат проблем да ги покажат чувствата на овој начин. Тоа што е физички приврзан со вас, дури и кога не станува збор за секс, открива многу за неговите чувства кон вас.rn
7. Колку често ви кажува што мисли
rnДобар начин да процените колку сте блиски со партнерот е да видите колку работи ви открива или колку често разговара со вас.rnrnАко забележите дека тој не сака да ви го каже вистинското мислење, тоа не е добар знак. Меѓутоа, ако тој постојано зборува со вас, голема е веројатноста дека е вљубен во вас.rn
8. Колку често ви дава подароци без причина
rnНавистина е тешко да најдете партнер што ќе ве опсипува со подароци откако ќе поминете повеќе време заедно. Ако тој го прави тоа дури и по неколку години врска, тоа значи дека навистина ве сака.rn
9. Ако тој се залага за вас и за вашата врска
rnАко партнерот навистина ве сака, нема да дозволи некој да ве вознемирува или да ве навредува, ниту пак, да дозволи некоја личност да направи нешто што претставува ризик за вашата врска.rnrnАко тој одбива да им постави граници на луѓето што ве вознемируваат, тој не ве сака доволно и не вреди да се трудите за него.rnrnОд друга страна, ако забележите дека ве брани кога другите ве напаѓаат, тоа значи дека ве сака.rn
10. Тој е покрај вас кога работите не се одвиваат добро
rnАко партнерот е покрај вас без разлика што се случува, тоа значи дека тој најверојатно е вистинскиот за вас.rnrnПрочитајте кои 3 несомнени знаци откирваат дека тој се вљубува во вас.