Интуитивните луѓе секогаш повеќе се интересираат за она што не е кажано или земено предвид отколку за она што е. Тие повеќе ја вреднуваат теоријата и истражувањето на можностите отколку реалноста на светот околу нив. Ова однесување има тенденција да „боде очи“. Сите интуитивни личности можат да се потсетат на ситуациите во кои околината била многу збунета од нивните размислувања и однесувања. Погледнете ги 10-те најнеобични однесувања на интуитивните луѓе…rnrn
rn
1. Имаат стимулативни расправии
rnОвие луѓе не го сфаќаат во целост проблемот сè додека не го прегледаат од сите можни агли. Тие не се расправаат поради тоа што сакат да бидат тешки или непристојни туку затоа што мора да ја тестираат вредноста на темата така што детално ќе ја проучат. На тој начин сакаат да видат дали во нивното размислување ќе се појават „дупки“, а некогаш и најдобро учат низ процесот на расправање.rn
2. Ја планираат иднината
rnТие речиси и да живеат во иднината – сакаат да проучуваат кои опции ќе им се појават, кои цели да си ги постават, како ќе изгледа нивниот живот за дваесет години… Невозможно е да се испланира секој детаљ од животот, па нивниот план е подложен на одново прилагодување. За интуитивните екстроверти, прилагодувањето се случува секојдневно. За интуитивните интроверти прилагодувањето се случува според потребите, но редовно.rn
3. Правилата за нив се предлози
rnТие не се бунтовни поради тоа, туку се бунтуваат и анализираат зошто постои правило пред да одлучат дали ќе го следат или не. Овие луѓе го мразат однесувањето што е произволно, па доколку сметаат дека правилото е застарено не им е проблем да го отфрлат и да ги прават работите на свој начин.rn
4. Анализираат сè
rnЗа нив не е доволно само да разберат како одредено прашање се однесува на нив – тие мора да ги сфатат глобалните импликации на тој проблем или да создадат темелна теорија која поврзува сè заедно. Тие сакаат да го знаат секое објаснување за секој опиплив проблем.rn
5. Не веруваат во авторитети
rnТие веруваат во компетентност повеќе отколку во квалификации и сакаат да донесат сопствен суд за тоа колку се способни другите. Интуитивните личности се многу свесни за човечката склоност да дава предност на она што е соодветно и не можат да веруваат во нешто само затоа што долго постои.rn
6. Бараат различности
rnТие се природно навлечени кон невообичаени и неконвенционални работи. Целиот свој живот го поминуваат обидувајќи се да го состават сеопфатниот светоглед, што значи дека настојуваат да ги разберат различностите колку што е можно повеќе. Овие луѓе постојано се во потрага по нови очила низ кои ќе можат да го видат светот.rn
7. Имаат чудни интересирања
rnБидејќи тоа што не го знаат секогаш им е поинтересно од тоа што го знаат, овие луѓе ќе се занимаваат со погодување теми или создавање теории. Многу интуитивните личности уживаат во истражувањето на теориите на заговор и други такви „неосновани“ методи на расудување, бидејќи уживаат во аспектот ментална гимнастика, поврзувајќи на прв поглед неповрзани работи.rn
8. Селективно се дружат
rnИнтуитивните личности што се екстровертни се сметаат за најинтровертни типови од сите останати екстроверти. Додека интуитивните што се интровертни можат да бидат интровертни по природа, но доколку ги ставите заедно во соба овие два типа, разговорот ќе тече со часови.rnrnИнтуитивно доминантните типови често се исцрпуваат кога се ангажирани во физичко опкружување, но тие се бескрајно енергични кога се вклучени во квалитетен разговор. Тие се сметаат за „селективно социјални“ – повеќе би биле сами отколку со луѓе со кои не можат да се поврзат, но кога се во друштво на интуитивни истомисленици, нивната социјална страна блеснува.rn
9. Имаат алтернативна животна насока
rnТие се природно привлечени од чудни, проактивни и неконвенционални работи. Можат да бидат склони кон приклучување кон нетрадиционални структури на однесување или експериментираат со изборите за начин на живеење кој отскокнува од социјалните норми.rnrnБидејќи овие луѓе имаат пристап објаснет како „зошто да не“ во нивните животи честопати се бунтуваат. Не се работи за тоа дека сè сакаат да прават поинаку туку дека животниот стил им го одржува нивниот начин на размислување, а нивниот ум е многу чудно подрачје.rn
10. Склони се кон жестоки тврдења дури и кога не се согласуваат со нив
rnАко постои сигурен начин да им влезете под кожа, тогаш тоа е преку настојување дека нешто во основа е црно или бело. Тие брзо ја преземаат улогата на застапник во секоја ситуација во која гледаат дека спротивната страна формира мислење без да биде разгледано алтернативното гледиште. Тие се склони кон жестоки тврдења со кои дури не се согласуваат, само за да докажат дека прашањето е посложено отколку што се претпоставува.rnrnДознајте и како да ја истренирате интуицијата за да ги предвидите работите што ќе ви се случат.