Приготвувањето на совршени лазањи е можно, само без овие грешки што сите ги правиме

Сподели

Специјалитетите од тестенини ги сакаме од едноставна причина, вкусни се и брзо се подготвуваат. Но, освен пастата „карбонара“ или тестенините во сос од домати, некои специјалитети од тестенини сепак претставуваат ризичен кулинарски подвиг. Лазањите, омиленото јадење со богат вкус, претставува голем предизвик кој може да го совладаат само најдобрите готвачи.

Реклама

По толку многу труд, претходна подготовка на состојките, слоеви на вкусна храна, веројатно најлошата работа што може да ви се случи е да не успеете да ја соедините оваа вкусен склоп од состојки во целина со уникатен вкус и мирис.

За да го подготвите ова јадење како вистински готвачи ви ги наведуваме грешките кои најчесто се пречка за совршено подготвените лазањи:rn

Водата во која се варат тестенините, не е солена

rnИсто како што редовно ставате сол во водата во која варите шпагети, така неопходно е корите за лазањи да се сварат во солена вода. На овој начин, за време на печењето коричките за лазањи ќе може да ги апсорбира сите вкусови кои ги содржи специјалитетот. Без овој чекор, подготовката на лазањи веројатно нема да ви успее, а кулинарските експерти советуваат да додадете поголема количина на сол во водата бидејќи тестото нема да може да ја впие целосно.rn

Редењето на слоевите не е добро

rnДали корите за лазањи се лепат на дното на садот? Дали ви е предизвик рамномерно да го нанесете сосот? Ако потврдно одговоривте барем на само едно од овие прашања, следниот совет е за вас. Тајната за совршени лазањи е секогаш да користите еднакви парчиња тесто и да ги нанесувате состојките секогаш по ист редослед: сос, тесто, фил, по што постапката се повторува. Обично филот со месо треба да го ставите на тестото бидејќи така полесно ќе се распореди, а за корите да не се залепат на дното од садот, ставете малку сос на самиот почеток.rn

Погрешно постапувате со тестенините

rnЗа почеток, многу е важно тестенините да не бидат преварени. Но, што ако совршено се сварени тестенините, но се готови  пред да бидат подготвени и останатите состојки? Според експертите, најлошо е тестото да се остави во врела солена вода бидејќи тоа ќе продолжи да се готви, но и ќе се залепи. Наместо тоа, извадете ги корите на мрсна хартија за печење со што ќе добиете малку време. Поедноставно решение може да биде ако откако тестото ќе биде готово, ставете малку сос меѓу нив, доволно за да ги спречите да се залепат.rn

Не користите инстант тестенини на кои не им е потребно готвење

rnПокрај тоа што ќе го скратите времето на готвење, експертите велат дека инстант корите за лазањи се повкусни, затоа што претходно се термички обработени. Поради тоа, тестото е потенко, многу слично на вистинското домашно тесто за лазањи. Во ваквите кори остатокот од состојките се апсорбираат совршено, а тоа ќе го направи оброкот вкусен и пријатен.rn

Не користите свежа моцарела

rnГотвењето со веќе подготвена и исечена моцарела е многу полесно, но свежата моцарела ќе го подобри вкусот. Исто така, рамномерно ќе се растопи и ќе го збогати вкусот на вашите лазањи. Пред да ја додадете моцарелата во садот, исушете ја на кујнска крпа околу 15 минути.rn

Користите погрешно месо

rnИако е одлично во сос од месо за шпагети, говедското месо само по себе не е најдобар избор за лазањи. Експертите препорачуваат употреба на свинско месо, па дури и месо од италијански колбас, кој, поради неговата содржина на маснотии, ќе создаде совршена текстура на лазањите. Доколку не сакате да се откажете од традиционалниот вкус на говедското месо, можете да го помешате со свинско.rn

Не се користи соодветен сад за готвење

rnМетален, керамички, со огноотпорно стакло или каков друг сад користите? Многу е важно да изберете соодветен сад за лазањите да бидат успешни. Бидејќи не се загрева брзо како металната и подобро спроведува топлина, но и ја задржува топлината долго време откако ќе се извади од рерна, најидеална тава за подготовка на лазањите е тавата направена од огноотпорно стакло.rn

Течни лазањи

rnНишто не може да ве разочара толку колку парче лазањи кое течно и се спласнува на чинијата. За да ја спречите ваквата појава, важна е подготовката. Бидете сигурни дека тестото за лазањи е доволно исцедено, а сосот не е премногу редок. Доколку користите сирење моцарела или рикота, ставете ги на кујнска крпа да се исцеди. Не ставајте голема количина зеленчук кој за време на печењето може да пушти течност.rn

Не го користете овој трик за да го избегнете крцкањето на горниот слој

rnЛазањите не треба да бидат суви и крцкави, а за тоа понекогаш не помага ниту ставањето алуминиумска фолија при печењето. Најдобрите готвачи советуваат  пред печење да го заштитите садот прво со пластична, а потоа со алуминиумска фолија. На овој начин, во внатрешноста ќе се задржи влагатс, која воедно и ќе ја лади пластичната фолија за да не се растопи.rn

Не дозволувате лазањите да „одморат“

rnИако времето до вкусувањето на храната бавно минува, експертите советуваат дека оставањето на лазањите да се „одморат“ е клучно за успешно сервирање. Покрај тоа, топлата лазања ќе ги спои вкусовите, така што нема да уживате во богатиот вкус на лазањите.rn

Не ги подготвувате ден порано

rnПокрај тоа што ќе бидете поодморени за вашите гости, подготовката на лазањите ден претходно ќе ви гарантира пополн и побогат вкус на оброкот. Откако внимателно ќе ги наредите сите слоеви, покријте го садот со пластична фолија за да ја задржи влагата, потоа чувајте ја лазањата во фрижидер и извадете ја половина час пред печење.

Можеби сакате да прочитате и овие мали трикови на големите готвачи за тоа со што да ги замените јајцата во рецептите?

Популарно

Може ќе ве интересира