Кога Бет Бијрд одлучила да ослабе 68 кг, таа со нејзиниот пријател, фотографот Блејк Мороу, дошле до една забавна идеја – да креираат фотосерија од типот „пред и потоа“ во која ќе ги поврзат старата и новата Бет. Резултатот е забавна фотосерија која е наречена „Проектот Бет“.rnrn
rnrnНивната посветеност на проектот е импресивна и инспиративна. Фотографиите се направени само неколку недели пред нејзината гастрична бајпас операција. По зафатот, ѝ требале 2 години за да ја изгуби тежината. Штом ја постигнала целта, била подготвена да им се врати на старите фотографии и да стапи со поранешната верзија од себеси, секако благодарение на интервенции направени во Фотошоп.rnrn
rnrnИако за реализација на овој проект била неопходна обработка во Фотошоп, Мороу тврди дека тој не го менувал нејзиното тело. Оставил губењето на тежината на Бет да зборува само за себе.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.









