Она што го јадете има директно влијание на вашиот мозок. Ова сигурно сте го слушнале повеќе пати, но прекумерната тежина станува сѐ посериозен проблем, така што не е лошо да се спомене уште еднаш со цел да се подигне свеста на што поголем број луѓе. Следуваат неколку работи кои мора да ги знаете во врска со начинот на кој храната влијае на мозочните функции…rnrn
rn
Мозокот е составен претежно од масти и потребни му се мастите од храната за да функционира
rnАко ја извадите целата течност од мозокот, поголемиот дел од неговата тежина ќе ја сочинуваат липидите, односно мастите. Останатиот дел од мозочната маса е составен од гликоза, аминокиселини, микрохранливи материи и протеини кои се обновуваат преку храната што ја јадеме. За да го одржите мозокот здрав, јадете многу семиња, ореви и риба полна со маснотии. Масните киселини се содржат само во овие видови храна и помагаат при создавањето нови клеточни мембрани. Тие исто така помагаат да се спречат дегенеративните мозочни нарушувања.rnrn
rn
Она што го јадете може да ве спречи да заспиете
rnАко постојано сте будни навечер или се чувствувате уморни по ручекот, тоа се случува веројатно затоа што мозокот не е задоволен од она што сте го изеле. Тешката и масна храна пред спиење ќе ве држи будни, затоа што на телото му е потребно повеќе време за да ја свари. Кофеинот во некои пијалаци и чоколадото исто така ќе го нарушат вашиот сон.rnrn
rn
Трансмастите се најлоши за вашиот мозок
rnТрансмастите кои најчесто се содржат во пржената храна и во преработените производи, можат да го нарушат здравјето на вашиот мозок ако ги јадете во големи количества. Истражувањата покажуваат дека трансмастите можат да ја влошат вашата меморија. Кај оние луѓе кои многу јадат ваква храна, постои поголема веројатност да имаат помал мозок. Ограничете ја консумацијата на оваа храна и вашиот мозок (а и линија) ќе бидат среќни!rnrn
rn
Она што го јадете може да влијае на вашето расположение
rnИстражувањата велат дека постои поврзаност помеѓу доброто расположение и храната богата со омега-3 масни киселини, магнезиум, триптофан, фолна киселина и други Б витамини. Јадете многу овошје, зеленчук, храна богата со омега-3, протеини и сложени јаглехидрати, пијте доволно вода и веднаш ќе забележите разлика во вашето расположение и општа благосостојба.rnrn
rnrnЗа да го одбегнете недостатокот од концентрација и внимание, прескокнете ги високо гликемичните јаглехидрати како што се белиот леб и благите работи, бидејќи тие можат да го зголемат нивото на шеќери во крвта и потоа драстично да го намалат. Сложените јаглехидрати како што се житарките, побавно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта што ќе ви помогне да останете повеќе фокусирани и сконцентрирани.rnrnЗа повеќе информации, погледнете го следново видео…rnrn