Кралиците на уличниот изглед најдобро знаат колку свежина, елеганција, убавина и оригиналност може да внесат внимателно избраните додатоци во модната комбинација. Следејќи ги нивните стилови, ние ви ги претставуваме 10-те модни додатоци што мора да ги имате за сезоната есен/зима 2016, а во нив ќе видите разни идеи, некои елегантни и префинети, други забавни и храбри. Одберете меѓу малата сина чанта, чевлите со проѕирни потпетици и беретките. Или, зошто да не ги одберете сите?rnrn
rn
1. Чевли со проѕирни потпетици
rnЧевлите со проѕирни потпетици се најголемиот хит за овој моден месец. Футуристички, предизвикувачки и интересни, овој тренд дефинитивно ќе трае. Овој месец се забележани неколку улични комбинации на чевли со проѕирни потпетици со неутрални бои како црна, кафеава и сива, но и многу похрабри варијанти како светло портокалова и жолта. Одлично се комбинираат со здолниште, или со фармерки, а нивното време допрва доаѓа.rnrn
rn
2. Беретки
rnДополнете го вашиот секојдневен изглед со француска елеганција. Модерно и слатко, беретките се совршен избор да ја покажете својата софистицираност. Разгледајте ги уличните стилови и комбинации со беретки од светските модни метрополи и одберете ги бојата и моделот што вас најдобро би ви прилегале. Одберете волнен модел за да ја заштитите главата од силните есенски ветрови, или некоја доминантна боја како на пример црвена, за да ја покажете својата одлучност. За да ја покажете целосно својата дамска шармантност, дополнете го изгледот со долги ракавици во иста боја како беретката.rnrn
rn
3. Свилена црна марама
rnБез разлика дали станува збор за долга марама, краватата која ја носите распуштено или тенко шалче, свилената црна марама е дефинитивно нешто што треба да го имате за сезоната есен/зима 2016. Можете да се одлучите помеѓу свилена, сатенска или кадифена марама. Таа ќе го надополни секој ваш изглед, внесувајќи му едноставност и елеганција.rnrn
rn
4. Чанта со цветни детали
rnГрафичките апликации се едни од најголемите трендови изминативе неколку месеци. Брзо го добиваат нашето внимание бидејќи се штосни, во интензивни бои и шари. Доколку геометриските дезени не ви се најомилени, пробајте да го омекнете вашиот изглед со чанта со цветни детали. Ваквиот вид чанти е широко распространет низ улиците на Европа, па дозволете да стане дел и од вашата стандардна гардероба.rnrn
rn
5. „Мали крзнени чудовишта“
rnКрзнените чудовишта што како приврзок се закачуваат на вашата чанта или палто, се голем тренд веќе неколку месеци. Како и обично, кралиците на уличниот стил, во нив пронајдоа нов начин да го одржат својот изглед свеж и релевантен одејќи чекор пред нас. Малечките крзнени чудовишта се всушност анимирани карактери што на интересен начин ќе ја облагородат дури и наједноставната чанта.rnrn
rn
6. Кружни очила
rnКружните очила за сонце со метална рамка го вратија на духот на хипиците од 70-тите. Денес веќе ги имаат сите ин девојки од Милано до Париз. Очилата докажуваат дека со внимателно одбран детаљ, секој моден изглед може да добие на оригиналност. За целосен впечаток носете ги со долга распуштена коса.rnrn
rn
7. Големи очила
rnДоколку 70-тите не се вистинската модна инспирација за вас, тогаш овој тренд од 80-тите сигурно е нешто во што ќе се пронајдете. Скоро комично преголеми, XXL очилата ги опседнаа сите европски градови. Преголеми, рамни во горниот дел, а заоблени долу, овие очила за сонце ги криеја лица на многу модни икони на последните модни случувања. Комбинирајте ги со минимална шминка.rnrn
rn
8. Малечка сина чанта
rnЗарем не ви здодеа да ја носите постојано истата црна чанта? Да, им здодеа дури и на модните икони и решија да ја заменат со мала сина чанта. Бидејќи е лесно да се комбинира со најразлични модни стилови, сината чанта ќе биде незаменлив дел од модните ревии за есен/зима 2016.rnrn
rn
9. Портокалова боја
rnБојата на новата сезона е портокалова. Уличните трендови диктираат дека ќе се носи во секаква верзија, од малечка вечерна чанта, до голема патничка торба. Портокаловата боја веќе стана омилена кај модните трендсетерки, така што, треба да размислите да ја внесете и во вашата гардероба.rnrn
rn
10. Поп арт
rnМодните додатоци инспирирани од поп артот уште еднаш ги размрдаа модните трендови за есен/зима 2016. Забележани се на чанти и чевли, но и на маици, накит и додатоци за коса. Дефинитивно е нешто што не треба да го прескокнете. Штом славниот Карл Лагерфилд најде начин да ги вметне во својата колекција, треба да можете и вие да го сторите истото.rnrn