КАФЕ ПАУЗА

11 знаци дека сте влегле во светот на возрасните

11 знаци дека сте влегле во светот на возрасните

Многумина се исплашени и збунети од самата помисла дека полека но сигурно треба да почнат да ги преземаат одговорностите што ги имаат возрасните. Тоа значи дека нема да можат повеќе да ги прават истите оние глупости со кои поминувале во минатото бидејќи никој веќе нема да им прогледува низ прсти. Сега ќе смеат да прават само работи со кои се одликуваат возрасните, што делува многу сериозно и здодевно. Ова се некои работи кои треба да ги направите за бестрашно и самоуверено да зачекорите во светот на возрасните:rnrn11 знаци дека сте влегле во светот на возраснитеrn

1. Купете си убав рачен часовник

rnЗаборавете на мобилниот телефон. Рачниот часовник ќе направи да изгледате посериозно и поодговорно, а и ќе ви помогне секогаш да бидете во чекор со времето. Дури и да доцните, барем ќе знаете точно колку доцните.rn

2. Почнете да водите белешки

rnЗапишувајте сè што треба да направите на хартија. Доколку ги забележувате работите само во телефон, ќе изгледа како да се допишувате со пријателите на Фејсбук. Пишаниот збор на хартија може да послужи како веродостоен доказ и сигурно ќе запаметите повеќе работи ако прво ги напишете рачно. Имајте планер и правете листи за обврските што треба да ги завршите. На тој начин никогаш ништо нема да заборавите.rn

3. Не стискајте „снуз“

rnНе мора да станувате порано, но будете се точно тогаш кога треба да станете. „Ама ми се спие уште…“ – оваа реченица не треба да биде изговорена од еден возрасен млад човек. Исто така, ако го започнете денот со тоа што ќе одбиете да направите нешто, лесно можете да влезете во рутина на постојано одложување на работите.rn

4. Не откажувајте планови

rnДетството е период од животот кога немаме никакви задолженија и обврски, но нештата се менуваат како што созреваме. Немојте да им откажувате состаноци на луѓето. Едноставно отидете, дури и да доцните или да не ви е баш по волја. Немојте да користите глупави изговори. Ако постојано откажувате, луѓето нема да ве сфатат сериозно и ќе ја изгубите нивната почит.rn

5. Одговарајте веднаш на пораките

rnАко ја имате потребната информација, нема причина зошто да не одговорите веднаш. Некои разговори знаат да бидат здодевни, но немојте да ги одбегнувате. Работите што можете да ги завршите во моментот, не ги оставајте за подоцна. Така само ќе ви се натрупаат еден куп обврски и кога ќе дојде времето кога ќе мора да ги завршите, нема да знаете од каде да почнете.rn

6. Набавете си растение или милениче

rnФактот што нечиј живот ќе биде во ваши раце, ќе ве научи да бидете поодговорни. Почнете со еден обичен кактус и продолжете понатаму со животни форми кои бараат повеќе грижа и внимание. Ќе сфатите дека ако не водите доволно грижа за нечиј живот, тој нема да трае долго. Ќе добиете бонус поени доколку успеете да го одржите во живот онолку колку што му трае животниот век.rnrn11 знаци дека сте влегле во светот на возраснитеrn

7. Стигнете до посакуваната дестинација без ничија помош

rnАко сè уште зависите од вашите родители или пријатели кога станува збор за транспорт, вие не сте подготвени за светот на возрасните. Мора да научите да бидете независни, а тоа подразбира да можете сами да стигнете онаму каде што треба. Не мора да ги знаете сите улици на памет, но барем научете да користите јавен превоз.rn

8. Чувајте си ги сами важните документи

rnВажно е во секое време да знаете точно каде се вашите лични документи како пасош, диплома, извод на раѓање и слично. Немојте да очекувате од вашите родители да ги чуваат заедно со нивните документи. Обезбедете си своја сопствена папка и сместете ја во посебна фиока. Направете и неколку копии за секој случај. Мора да се соочите со фактот дека светот на возрасните подразбира многу административни работи.rn

9. Чистете си го сопствениот неред

rnНе чекајте некој да ви каже да си го средите нередот или да си ги измиете садовите. Не оставајте хаос зад себе. Не е многу забавно да се чисти постојано, но тоа е една од работите која едноставно мора да се заврши. Можеби некогаш ќе се најдете во ситуација да го чистите и туѓиот неред, но запаметете дека сè тоа е дел од она што значи да се биде возрасен.rn

10. Штедете

rnНемојте да се жалите, не е толку тешко. Всушност не мора да правите ништо. Едноставно не купувајте. Никогаш нема да имате онолку пари колку што сакате. Важно е да ја научите разликата помеѓу зборовите „ми треба“ и „сакам“. Треба да ги платите сметките, а сакате да ги купите оние фармерки покрај 10-те други пара што веќе ги имате. Една од клучните особини што ги краси возрасните е самоконтролата. Барем така велат.rn

11. Знајте кога е време за забава, а кога за работа

rnЧесто ќе се соочувате со паметувањето на другите луѓе кои ви кажуваат кои работи му прилегаат на еден возрасен човек, а кои не. Тоа би значело дека пиењето текила во недела вечер не е баш најсјајна идеја. Вашиот внатрешен часовник самиот ќе покаже кога е време за забава, а кога треба малку да олабавите и да се посветите на работата. Ја немате повеќе онаа кондиција како кога бевте тинејџер. Мора да внимавате малку и на своето здравје.rnrnВлезот во светот на возрасните може да делува застрашувачки и сигурно се чувствувате збунето и изгубено. Но, кога ќе влезете во рутина ќе видите дека покрај сите одговорности што доаѓаат со него, носи и многу забавни работи во една поинаква смисла на зборот. Уживајте во најпродуктивните години од вашиот живот и извлечете го максимумот од нив.