Доколку го оставите оризот неколку часа да се натопи во вода ќе добиете оризова вода која се одликува со бледо бела боја. Бидејќи оризот е богат избор на витамини и минерали, меѓу кои и Б6 како и аминокиселини, се смета дека тој може да се користи како природен балсам за коса.rnrn
rnrnСпоред многумина, оризот ги има следните карактеристики:rn
- rn 011
- ја штити косата од оштетување
- го зголемува сјајот на косата
- го стимулира растот на фоликулите
rn 011
rn 011
rn
rn
Потенцијални придобивки од оризовата вода во поглед на здравјето на косата
rnИако е вистина дека голем дел од азиските народи ја користат оризовата вода за нега на косата и кожата, сепак научниците сè уште ги немаат истражено докрај нејзините својства. Тоа не значи дека оваа состојка не е одлична за вашето тело, напротив. Според некои истражувања, инозитолот, една од компонентите на оризовата вода што се добива при ферментација, ја штити косата од оштетување. Биле испитани и ефектите од употребата на шампон кој се произведува во североисточна Индија и како главна состојка ја користи токму оризовата вода. Се покажало дека честата употреба на шампонот помогнало да се намалат знаците на стареење на косата. Сепак, во зависност од типот на коса, факт е дека состојките можат да влијаат различно. Доколку пак сте љубопитни, можете да ја испробате оризовата вода бидејќи е чиста, нетоксична и евтина состојка за експериментирање.rn
Потенцијални придобивки од оризовата вода во поглед на здравјето на кожата
rnНекои клинички испитувања покажале дека употребата на оризова вода не предизвикува алергиски реакции, но, секако, доколку веќе сте свесни за тоа дека сте алергични на ориз најдобро би било да се воздржите. Се покажало и дека нејзините хидратантни и антиинфламаторни својства ги намалуваат знаците на стареење на кожата.rn
Како се прави оризова вода?
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 1 шолја ориз
- 1 шолја филтрирана вода
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Измијте и исцедете го оризот за да ги отстраните нечистотиите. Доколку користите неоргански ориз тогаш исплакнете го уште 2, 3 пати за да ги отстраните пестицидите.rnrn2. Процедениот ориз префрлете го во друг сад со вода и мешајте сè додека водата не се замати. Одново процедете го оризот, а водата складирајте ја во посебен сад и оставете ја да отстои на собна температура околу 12 часа за да ферментира, а потоа ставете ја во фрижидер.rnrnОткако прочитавте за оризовата вода и нејзините ефекти врз косата и кожата, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 работи ги прават Азијките за да изгледаат помладо.rnrnИзвор: greatist.com