10 модни антитрендови за на плажа со кои редно време е да се збогувате

Сподели

rn

Реклама

6. Шорцеви од џинс

rnВремињата во кои се носеа екстремно кратки џинс шорцеви, се завршени. Полуголите задници повеќе не се во мода. Овој вид пантолончиња изгледаа убаво само на одредени луѓе, но најчесто правеа убавите телесни фигури да делуваат невкусно.

Подобра алтернатива

Доколку не можете да го замислите летото без шорцеви одберете модели со средна должина, во сафари стил.

rn

7. Сандали на платформа од плута

rnЗборуваме само за сандалите со платформа на плута. Тие се тотално надвор од мода и изгледаат смешно на плажа.

Подобра алтернатива

Дефинитивно подобар избор за на плажа се рамните чевли, а за прошетка низ град одберете сандали со платформа декорирана со кожа, антилоп, ткаенина или јута.

rn

8. Пом-пом сандали во разни бои

rnИнтересните сандали со разнобојни помпон топчиња беа обожувани изминативе сезони, подеднакво и од вообичаените девојки и од познатите ѕвезди. Врвот на нивната популарност се случи минатата година, но оваа сезона сите се веќе уморни од нив.

Подобра алтернатива

Доколку поседувате ваков пар сандали, тргнете ги настрана неколку сезони, бидејќи постои веројатност дека повторно ќе се вратат во мода еден ден. Како алтернатива на пом-пом сандалите, одберете сандали во металик боја, со низок ѓон или со ниска платформа.

rn

9. Трилби сламени шешири

rnТрилби шеширите беа популарни во изминативе неколку сезони. Сега, во 2018 година тие изгледаат демоде и се тотално надвор од мода.

Подобра алтернатива

За да ги замените трилби шеширите, дизајнерите препорачуваат да носите шешири со широк обод, коишто можат да бидат изработени од слама или разни други материјали.

rn

10. Очила за сонце со ефект на огледало и квадратни рамки

rnОчилата за сонце со квадратни рамни постојано излегуваат од мода. Врвот на нивната популарност беше пред неколку сезони, но за жал многу луѓе почнаа да ги носат па поради тоа тие неизбежно станаа демоде.

Подобра алтернатива

Сега, во мода се издолжените рамки со форма на мачкини очи. Тие имаат стакло во боја, а може и воопшто да немаат рамки.

Летото е навистина најдобриот период од годината, за експериментирање со трендовите во модата, нели!?

Погледнете и кои трендови од 80-тите ќе бидат хит ова лето.

Популарно

Може ќе ве интересира