Децата кои ги примаат вакцините за морбили, заушки и рубеола, немаат зголемен ризик од аутизам. Овде спаѓаат и децата кои понекогаш се сметаат за ризична група поради нарушувања во нервниот развој. Ова се резултатите од едно ново истражување.rnrn
rnrnИстражувањето е објавено вчера, на 4-ти март и е едно од најголемите од овој вид. Научниците ги разгледувале податоците на над 657.000 деца, родени во Данска помеѓу 1999-та и 2010-та година. Овде спаѓале 6.500 деца кои имале дијагноза за спектар на аутистички нарушувања.rnrnИстражувањето покажало, исто како и многу претходни, дека родителите и старателите не треба да ги одбиваат вакцините поради верувањето дека тие предизвикуваат аутизам.rn
„Постојат многу силни докази дека нема поврзаност“, изјавил истражувачот Андерс Хвиид.
rnИдејата дека состојка од вакцините е можеби поврзана со аутизам започна со мало, сега повлечено истражување од 1998-ма година, објавено во списанието „The Lancet“. Ова истражување набљудуваше 12 деца со задоцнет развој, а 8 од нив имале аутизам. Подоцна се разјаснило дека главниот истражувач имал неколку интереси – бил платен од правна фирма што сакала да го суди производителот на вакцини, па тој патентирал „побезбедна“ вакцина за морбили, што ја развил пред да го направи истражувањето во 1998-ма година.rnrnОд 1998-ма година, безброј истражувања не успеаја да најдат поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот, вклучувајќи го и огромното истражување од 2002-ра година. Ова истражување разгледуваше податоци на 537.000 деца, родени во Данска помеѓу 1991-ва и 1998-ма година. Но по објавувањето на истражувањето, Андерс Хвиид кој работел и на него, почнал да добива прашања за тоа дали децата „подложни“ на аутизам се изложени на поголем ризик со вакцините.rn
„Видовме можност да ја истражиме поврзаноста во истото опкружување, но со нови деца. Исто така гледавме како можеме да се справиме со критиките од оригиналното истражување.“
rn
Што истражувале?
rnВо новото истражување, покрај тоа што ја гледале големата слика, истражувачите разгледувале дали вакцините го зголемуваат ризикот кај одредени групи како момчиња, девојчиња, деца кои развиле регресивен аутизам кога се постари и деца чии роднини имаат аутизам.rnrnНаучниците ја гледале годината на раѓање на децата, кога ги примиле другите вакцини, а бил одреден и ризичниот фактор за аутизам на секое дете.rnrnСпоред овие резултати, ниту една од подгрупите која ја примила вакцината не покажала зголемен ризик од аутизам. Интересно е што вакцината дури била поврзан и со понизок ризик од аутизам кај девојчињата и децата родени од 1999-та до 2001-ва година.rn
Што го зголемува ризикот од аутизам?
rnСè уште не е јасно кои биолошки механизми предизвикуваат аутизам. Но истражувањето открило кои групи биле изложени на најголем ризик – момчиња, деца родени неодамна (од 2008-ма до 2010-та), деца кои немале рана вакцинација и оние кои имале роднини со аутизам. Другите ризични фактори вклучувале имањето постари родители, ниска тежина при раѓање, предвремено раѓање и мајка која пушела во текот на бременоста.rn
„Истражувањето го покажува она што и другите истражувања претходно – вакцината за морбили не го зголемува ризикот од аутизам“, изјавила Кристен Лиал, професор асистент на Универзитетот во Филаделфија.
rnИстражувањето покажало и дека децата подложни на аутизам, не се изложени на никаков ризик кога ја примаат вакцината. Според доктор Саад Омер, професор на Универзитетот во Атланта, потребата да се побијат идеите за невакцинирање имаат цена. Иако големите истражувања во областа на епидемиологијата можеби не чинат многу како другите истражувања, тие сепак одземаат време што научниците би можеле да го искористат во наоѓање на причините и лекот за аутизам.rnrnПрочитајте нешто повеќе за најголемите митови поврзани со вакцините.
