Летото е веќе на „пола пат“, а тоа значи дека е редно време да го извадите костимот за капење од задните рафтови на вашиот плакар и да почнете да го планирате вашето летување. Воедно, треба да имате на ум дека модата за на плажа, се менува исто толку брзо како и секоја друга мода и со некои трендови што биле актуелни до неодамна, треба да се збогувате. Погледнете ги овие 10 антитрендови за на плажа, како и парчињата коишто се тренди во моментов.rn
1. Костимите за капење на „Triangl“
rnОвие костими за капење изработени од неопрен на компанијата „Traingl“, препознатливи по нивните црни контури и форма како буквата „Т“, беа многу популарни во изминативе неколку сезони. Многу брендови се обидоа неуспешно да го ископираат овој дизајн и реално во последниве години, тие беа премногу застапени на плажите ширум светот.rnrn
Подобра алтернативаrnrnИ покрај популарното верување, Triangl повеќе не ја произведува оваа линија на костими за капење, но нивните копии сè уште можат секаде да се купат. Како и да е, доколку не сакате да бидете демоде и да изгледате како повеќето девојки на плажа, подобар моден избор се бикините од кадифе коишто се хит ова лето.rnrn
rn
2. Парео
rnИ покрај тоа што парео марамите се практични избор за на плажа, којшто одлично ги сокрива недостатоците на телото, тие после долго време конечно излегуваат од мода.rnrn
rnrnПодобра алтернативаrnrnНаместо нив, дизајнерите препорачуваат да носите летни, тенки, широки памучни фустани на прерамки, долги маици или туники од чипка.rnrn
rn
3. Костими за капење со ефект на ленти за бандажирање
rnВаквите костими за капење коишто се сочинети од разни појаси, ленти и пресечени кроеви ги потенцираат несовршеностите на телото и создаваат неубави линии на кожата после сончањето.rnrn
rnrnПодобра алтернативаrnrnЕдноделни костими за капење со цветен дезен или полка точки стануваат сè попопуларни во последно време и наскоро целосно ќе го заменат бандажираниот стил на костими.rnrn
rn
4. Костими за капење во премногу светли или неонски бои
rnВаквите костими за капење беа во тренд пред неколку сезони. Сега, модата за на плажа повикува да се носат поприродни бои. Затоа, редно време е да паузирате со носење дречливи, сјајни костими за капење и да ги складирате во задниот дел од вашиот плакар, за некои други модни времиња.rnrn
Подобра алтернативаrnrnНаместо овие, одберете бикини со цветни принтови или во само една боја. Тие изгледаат фантастично на исончана кожа.rnrn
rn
5. Долен дел со висок струк и набори
rnВисокиот струк на долниот дел од бикините ги маскира несовршеностите на бедрата и стомакот, но наборите имаат токму обратен ефект. Тие прават бедрата да изгледаат поголеми одошто се.rnrn
rnrnПодобра алтернативаrnrnНаместо вакви, одберете долни костими за капење со висок струк, но без набори или друг вид декоративни елементи.rnrn
Продолжува на следната страница…rn
