КАФЕ ПАУЗА

Божиќен пакет

Божиќен пакет

Written by

in

,

Божиќ е посебен ден, исполнет со среќа, хармоничност и мир, а најважно од сè, претставува раѓање на новата надеж. Православниот Божиќ ни е на прагот, но сè уште има време за да се подготвите за совршена божиќна прослава. За таа цел, послужете се со нашиот божиќен пакет кој се состои од божиќни песни, идеи за божиќни пораки и подароци и обичаи за Божиќ.rnrnБожиќен пакетrnrn

Божиќни песни

rnОва се песните кои задолжително треба да се најдат во вашата божиќна плејлиста:rnrn1. Mariah Carey – All I want for Christmas is yourn2. Elvis Presley – Blue Christmasrn3. Frank Sinatra – Let it snowrn4. Kenny Rogers and Dolly Parton – A Christmas to rememberrn5. Enya – Adeste Fidelesrn6. Bon Jovi – Bells will be ringingrn7. Celine Dion – So this is Christmasrn8. Chris Tomlin – Angels we have heard on highrn9. Alabama – The Christmas shoesrn10. Wham – Last Christmasrn11. Coldplay – Christmas lightsrn12. Frank Sinatra – The first Noelrn13. Amy Grant – Breath of heavenrn14. Band Aid – Do they know it’s Christmasrn15. Jose Feliciano – Feliz Navidadrn16. Train – Shake up Christmasrn17. Bing Crosby – Silent nightrn18. Mia Rose – What would Christmas be like?rn19. ‘N Sync – Mery Christmas, happy holidaysrn20. Brenda Lee – Rocking around the Christmas treern21. Dean Martin – Let it snowrnrnЕве ја и целата листа подготвена за преслушување. Треба само да притиснете плеј.rnrnrn

Божиќни пораки

rnНе заборавајте да им го честитате овој свет празник на вашите блиски. Еве неколку идеи за божиќни честитки или пораки:rn
rn

„Како што бадниковиот оган се ложи,rnво вашиот дом среќа да се множи,rnнека светла ѕвезда во животот вас ве води,rnзашто денес е Божиќ – Христос се роди!“

rn

„Денешниот блажен ден нека ви биде радосен!rnБожиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати.rnАнгел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.“

rn

„Додека бадниковиот ден догорува,rnслушни го Бога што ти зборува,rnследи го патот на срцето што до среќа те води.rnСреќен Божиќ – Христос се роди!“rn

rn

„Во телото здравје, во душата мир,rnво мислите спокој, во срцето младост.rnЧестит Божиќ, ти испраќам полна вреќа радост!“

rn

„Божјата милост насекаде нека ве прати,rnнека за доброто со добро ви се вратиrnХристос насекаде да ве води,rnСреќен Божиќ, Христос се роди.“

rn

„Бадниковата вечер нека го избрише сето она што сакаш да го заборавиш,rnа Божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов!

rn

„Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди,rnсреќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари.rnСите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје!rnБериќет и к`смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!“

rn

Божиќни подароци

rnПродолжуваме со одбирање божиќен подарок. Запомнете, тој мора да е подарен со љубов и внимание, а не секогаш треба да потрошите многу пари за да го одберете совршениот.rnrnБожиќен пакетrnrnЗа вашиот близок пријател од посилниот пол или пак за вашиот партнер купете приврзок за клучеви, масажер, дивиди со неговиот омилен филм, футрола за мобилен телефон, рачен часовник или убав машки шал.rnrnЗа вашата блиска другарка, одберете голема шолјичка за кафе или чај со интересен натпис или пак слика. Уште подобро би било ако успеете да најдете чаша за вино со изгравиран натпис.rnrnЗа вашата пријателка или колешка од работа, одличен подарок би била и кутија со чоколатца, термос за кафе, цеде со фитнес-вежби, омилената книга или книга од омилениот автор, плишано меченце за чистење екран од мобилен или компијутер, а доколку е нежна и женствена, нема шанси да не ѝ се допаднат интересни бушави топлинки за низ дома.rnrnДоколку личноста ви е блиска и драга, подарете ѝ кутија со кочачиња, спа-колекција со миризливи свеќи и купка за капење или најново издание од омиленото месечно списание, а во тој случај, не би било лошо да ставите црвена панделка на насловната страна.rnrnБожиќен пакетrnrnЗа вашиот неженет чичко, вујко или постар братучед, одберете интересна новогодишна честитка со Баба Мразица или пак комплет од омилениот алкохолен пијалак со брендирана чаша од истиот.rnrnОдличен подарок за вашиот татко или дедо е шише добро вино, сет отворачи за вино или пак малечка сталажа или држач за вино.rnrnВашата мајка, тетка или стрина најверојатно намногу би се израдувале на убав сервис за кафе, голем магнет за на фрижидер со некаков натпис или форма, марама, божиќен венец или вазна за цвеќиња.rnrnЗа вашиот шеф одберете убав сет пенкала, ѕиден часовник или паричник.rnrnЗа вашата сестра или братучетка одберете убав комплет шал и капче во нејзината омилена боја, можеби омиленото домашно милениче кое долго време го посакува, термофор (предмет направен од гума кој се полни со топла вода и служи за топлење) со некаков божиќен мотив како снешко или Дедо Мраз или пак приврзок за ланче или мобилен телефон со нејзиното име.rnrnЗа вашиот помал брат или братучед, купете ламба за во детска соба со интересни бои или облици, некаква друштвена игра како „Монопол“ или „Не лути се човече“, гумена играчка за во када или плишана перница во облик на животно како тигар, мече или слатко кученце.rnrnСовршен подарок за вашиот брат или сестра, е зголемена и врамена верзија од вашата заедничка слика со Дедо Мраз што сте ја направиле кога сте биле малечки. Со сигурност ќе донесе насмевки и убави спомени.rnrnБожиќен пакетrnrn

Прославувањето на Божиќ во Македонија

rnБожиќ во Македонија се прославува според Јулијанскиот календар по кој се раководи Православната црква. На 6 јануари се прославува Бадник (зборот доаѓа од страро-македонски збор со значење „да бидеш буден“), а суштината на празникот е да се одбележи радоста пред Христовото раѓање. На овој датум навршуваат Божиќните пости кои траат 6 недели. На различни места постојат различни обичаи за Бадник по кои луѓето се раководат. Многу од нив црквата ги смета за пагански обичаи, но и покрај тоа сè уште се применуваат.rnrnБожиќен пакетrnrnВо македонските православни цркви има целодневна бадникова служба и црковно пеење. Рано наутро на Бадник, деца (коледарчиња) одат по куќите со песни и добиваат подароци, како: пари, ореви, костени, овошје и слично. Една од најпеаните бадникови песни е „Коледе леде“, објавена во запис во 1893 година.rnrnПразникот се обележува со традиционална, посна и свечена вечера во кругот на семејството. Обичај е по вечерата да не се крева софрата, туку храната да остане поставена на маса цела вечер. Во многу семејства на Бадник се меси лепче (кравајче) или погача, во која се става паричка. За време на вечерата кравајчето се крши на онолку делови колку што има членови во потесното семејство. За оној кој ќе ја најде паричката, се смета дека ќе биде најсреќниот во претстојната година.rnrnВечерта на Бадник спроти Божиќ се палат коледарски огнови, се гори бадниковото дрво, а најчесто за таа цел се употребува пенушка од даб. Тоа е обичајот наречен „коледица“, а околу запалениот оган се пее и најчесто се останува буден цела ноќ за да се пречека Христовото раѓање.rnrnНа Божиќ се оди во црква. Оние кои ги почитувале божиќните пости се причестуваат со пеено вино и нафора, кои ги симболизираат Исусовата крв и тело. Ова е ден за веселба, за игри и песни, ден кога задолжително заборавате на обврските и им посветувате време на најблиските.rnrnЗа крај, не заборавајте на старата поговорка: „Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си дома да си!“ Овој Божиќ прославете го во вашиот топол дом, со најмилите, најсаканите. И најважно е да запамтите дека во овој ладен период, најбезбедно и најудобно е во сопствениот дом.rn
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.