10 лесни и делотворни совети кои ќе ви помогнат да се изборите со летните горештини!

Сподели

Уште како деца се радувавме на доаѓање на летото. Кога бевме мали, летото беше асоцијација за одмор, распуст и разонода. Иако пораснавме, факт е дека сѐ уште го сакаме летото, само не и неговата неподнослива топлина. Затоа, смисливме неколку совети кои ќе ви помогнат да излезете на крај со летото и неговите неподносливи горештини.

Реклама

1. Пред да си легнете испијте чаша вода – ова ќе ви помогне да ја вратите рамнотежата на вода во организмот и да се заштитите од дехидратацијата која ве очекува поради претераното потење во текот на ноќта и постојаното превртување во креветот додека сте во потрага по ладно место.

2. Ставете ладен воден пешкир на зглобовите, вратот, лактите и колената за телото да се олади.

3. Пред вентилаторот ставете чинија со мраз за да создадете клима ефект – благодарение на мразот ќе струи ладен воздух.

4. Ставете ги нозете во ладно – ова е уште еден брз и делотворен начин на разладување на телото. Можете да ставите леген со ладна вода покрај креветот и кога ќе се разбудите на сред вечер да ги потопите нозете за да се оладите и потоа повторно мирно да заспиете.

5. Замрзнете го чаршафот на кој спиете – пред да легнете ставете го чаршафот во замрзнувач, откако претходно ќе го спакувате во кеса за да не го апсорбира мирисот на храната и потоа ставете го на креветот. Ова ќе ви помогне брзо да заспиете додека постелнината повторно не се загрее.

6. Поставете вентилатор до прозорецот и свртете го кон прозорецот – на тој начин топлиот воздух ќе се изнесува надвор.

7. Спијте сами – сонот во прегратките на саканата личност може да ви донесе многу неудобности во текот на летните месеци.

8. На прозорецот закачете воден чаршаф – ова ќе ви донесе неколку часа божествен студ.

9. Купете перница која е полнета со хељда – таа не ја апсорбира топлината како перницата со пердуви и затоа ќе ве спаси од летните жештини.

10. Поставете чинија со мраз или ладна вода во собата – водата ќе испарува и ќе ја лади просторијата.

Најново

Може ќе ве интересира