rn
7. Дезинфекција на кујната
rnНаучниците од Универзитетот Орегон работеле на создавање природно средство за дезинфекција од бело вино. Покрај тоа што се справува со салмонела и ешерихија коли, се верува дека помага и во борбата против други бактерии. Научниците откриле и дека е ефективно во убивање бубачки.rn
8. Направете купка за вашите стапала
rnСтарото вино може да го употребите и за купка за стапалата. Полифенолите што се наоѓаат во лушпата и семките на грозјето можат да ѝ бидат од корист на вашата кожа.rn
9. Овошни мушички
rnСè што треба да направите е да оставите чаша вино за да ги измамите мушичките, додајте неколку капки средство за садови за да се залепат и поставете пластична фолија со мали дупки.rn
10. Излечете ги модринките
rnОва е стар народен лек и изгледа дека навистина функционира. Луѓето ставале парче леб натопено во вино на модринка за таа да зарасне побрзо. Бидејќи виното содржи антиоксиданси, тоа го смирува воспаленото ткиво.rn
11. Ослободете се од масните дамки
rnОбично никој не сака да истури вино врз неговата облека, но ова важи само за црвеното. Белото вино, од друга страна, може да ви помогне полесно да исчистите некоја дамка, особено мрсна.rn
12. Боја за велигденски јајца
rnМожете да ги фарбате вашите велигденски јајца со природни бои и нешта што се наоѓаат во вашиот дом. Ако сакате убава виолетова нијанса, можете да ги фарбате со црвено вино.rn
13. Фарба за коса
rnАко имате потемна боја, малку вино ќе ви даде црвена нијанса. Ако сакате привремена боја измешајте црвено вино со какао во прав и направете паста. Нанесете ја на косата и оставете да делува 15 минути. Потоа измијте ја косата како и вообичаено. За поцрвена боја можете да го измешате виното со к’на, јаболков оцет, маслиново масло и мелено кафе.
Дознајте и што ќе се случи ако се бањате со црвено вино.

