Секое куче е убаво на свој начин, без разлика дали е мешана раса или чистокрвно, но некои раси се познати по својата прекрасна убавина и елеганција. Во продолжение прочитајте кои раси кучиња ја носат титулата крал на елеганцијата.rn
Авганистански `рт
rn
rnrnОлицетворение на елеганцијата во кучешкиот свет, авганистансиот `рт се смета за најелегантна раса. Неговото високо, витко тело, долгите нозе, зашилената муцка и долгото крзно што наликува на коса, го прави ова куче крал на елеганцијата. Овие кучиња се движат како да се на модна писта, елегантно, како да лебдат додека одат.rn
Далматинец
rn
rnrnДобродушни, лојални и паметни, далматинците се најпознати по своето бело крзно покриено со темни дамки, но тие се раѓаат целосно бели. По две недели, тие почнуваат да добиваат карактеристичен изглед со кој се разликуваат од која било друга раса во светот.rn
Доберман
rn
rnrnМногумина се плашат од нивниот остар изглед, но доберманите се многу лојални и претпазливи кучиња кои сакаат да ја чувствуваат физичката близина на членовите на своето семејство. Нив ги краси мускулесто тело и сјајно кратко крзно и се многу интелигентна, почитувана и популарна раса.rn
Ирски сетер
rn
rnrnПознати по своето убаво темноцрвено крзно, ирските сетери се нарекуваат и Дизни принцези во кучешкиот свет. Како и другите сетери, овие елегантни убавици се прекрасни домашни миленичиња, многу се лојални и полни со љубов. Тие се полни со енергија и им треба физичка активност, но и ментални хобија за да бидат среќни и задоволни.rn
Дога
rn
rnrnКучињата што припаѓаат на оваа раса може да пораснат до 75 сантиметри и да тежат околу 70 килограми. Многу луѓе чувствуваат страв во близина на овие џиновски кучиња, но станува збор за кучиња што се приврзани и нежни по природа, погодни за деца и полни со љубов.rn
Родезиски риџбек
rn
rnrnПрвично одгледувани како бестрашни ловци на лавови, овие кучиња се многу интелигентни и ги заштитуваат своите сопственици ако се во опасност. Во Африка, оваа раса се одгледувала и за да ги чува и да ги заштитува децата додека родителите не се тука.rn
Фараонско куче
rn
rnrnФараонското куче е познато по своето елегантно, исправено држење на телото, што дополнително ја нагласува убавината на неговото црвено крзно.rnrnПрочитајте кои 10 раси кучиња изгледаат како меки топчиња дури и кога ќе пораснат.