rn
6. Држење на телото
rn
rnrnДури и луѓето кои немаат вишок килограми изгледаат подебели кога не се исправени. Исправениот грб ќе направи вашите гради и половина да изгледаат подобро.rn
7. Храна
rn
rnrnЗа стомакот да ви остане што е можно порамен, немојте да јадете премногу пред да одите на плажа. Покрај тоа, избегнувајте продукти кои предизвикуваат подуеност. Овде спаѓаат грашок, зелка, пченка, крекери, колбаси, како и газирани пијалаци и коктели. Иако ладните благи пијалаци се привлечни на жешко време, тие брзо ќе го покачат вашето ниво на енергија кое уште побрзо ќе се намали, па ќе се чувствувате изморено. Најдобро е да пиете вода и да јадете овошје и јаткасти плодови. Јаткастите плодови ќе ве заситат, а овошјето навистина ќе ве освежи. Најдобро е да јадете банани, лубеница и цитрусно овошје. Држете се настрана од јаболка, круши, грозје и суво овошје бидејќи тие предизвикуваат гасови.rn
8. Пешкир
rn
rnrnПешкирот на кој ќе лежите на плажа исто така може да ви помогне во визуелните ефекти. Ако сакате да изгледате послаби, понесете голем, широк и долг пешкир.rn
9. Обувки
rn
rnrnИ обувките можат многу да направат за вашиот изглед. За вашите нозе да изгледаат подолги и послаби, носете едноставни сандали. Избегнувајте обувки со врвки или ремчиња на глуждовите. Сандалите со тенки ремчиња ќе направат вашите стапала да изгледаат помали, додека влечките можат да ги направат да изгледаат поголеми.rn
10. Правилни пози и филтри за фотографии
rn
rnrnФотографиите на плажа се одличен начин да ги истакнете добрите делови и да ги сокриете несовршеностите на вашето тело со одбирање на правилните пози и агли. Па, потребно е малку да се потрудите. На пример, подобро е да ја држите брадата погоре за да нема сенка на вашиот врат. Исто така, немојте да позирате со расчекорени нозе бидејќи така ќе изгледате пошироки. За инспирација можете да погледнете фотографии од Инстаграм на разни блогерки. Не заборавајте и на филтрите, тие можат да направат вистинско чудо.rnrnПогледнете ги и овие совети за убавина што ќе ви помогнат да се подготвите за летото.
