Ако сте од оние кои не пијат кафе за да се расонат наутро или пак воопшто не го конзумираат, најпрво прочитајте неколку занимливости за кафето и кофеинот. А, ако пак сте со ентузијастички дух и сакате утрото да го почнете малку поинаку, еве неколку начини како да се расоните без кафе:rn
1. Свежо исцеден сок
rn…и не само од портокал. Во соковникот ставете моркови, лимони, грејпфрут, јаболка, киви, јагоди…rn.rn
2. Убаво истријте го грбот додека се туширате наутро
rnСо помош на четка за триење со долга рачка, убаво истријте го грбот. Тоа ќе ви ја зголеми циркулацијата.rn.rn
3. Стимулирајте го мозокот
rnМожеби ви се чини по малку чудо уште наутро да почнете да решавате крстозборки или судоку, ама тоа може да ве расони.rn.rn
4. Ладен туш
rn…само неколку секунди. Тој ќе ве освести во истиот момент.rn.rn
5. Насмевнете му се на Сонцето
rnКога ќе излезете од дома, не ставајте ги веднаш очилата за сонце, туку погледнете му на Сонцето директно во очи. Сончевите зраци веднаш ќе го раздрмаат вашиот внатрешен часовник за будење.rn.rn
6. Потсетете се на вежбите од часовите по физичко
rnСе сеќавате на вежбите кои ги правевме секој час на часовите по физичко за да се размрдаме? Сетете се на една и повторете ја десет пати.rn.rn
7. Средете си го бирото
rnСамо неколку минути поминати во разместување на предметите во работниот простор, ќе ви го освежи умот и ќе ве направи да се почувствувате задоволно.rn.rn
8. Добро познатите 8 часа посветени на сонот
rnПонекогаш успева, понекогаш не. Во секој случај, не занемарувајте ги часовите предвидени за цврстиот сон кој треба да трае 8 часа.
Ако ништо од ова не ви успева, не двоумете се и направете си едно големо, млечно и богато утринско кафе.
——————————————————————————————————————————————————————–
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

