Која рака ќе ви биде доминантна се „одредува“ уште во матката, околу 8-та недела од бременоста. Претходно се сметало дека разликата во активноста на гените во левата и десната хемисфера можеби е одговорна за тоа која рака е доминантна.rnrn
rnrnНо минатата година истражувачите кои ги анализирале гените од ‘рбетниот столб помеѓу 8-та и 12-та недела од бременоста, веруваат дека потеклото на доминантна рака се наоѓа во рбетниот столб.rnrnДвижењата на рацете и дланките започнуваат со моторниот кортекс во мозокот кој испраќа сигнал до ‘рбетниот столб. Ова ја претвора командата во движење. Моторниот кортекс не е поврзан со ‘рбетниот столб на почетокот, а одбирањето на доминантната рака настанува уште пред да се направат конекциите. Поради ова истражувачите сметаат дека оваа одлука доаѓа од нашиот ‘рбет.rnrnИстражувањето објавено во февруари, 2017 година заклучило дека овие резултати фундаментално го промениле нашето разбирање за причината на хемисферните асиметрии.rnrnДали знаевте дека вашите дланки може да ви откријат многу за вас?
Зошто сте леваци или деснаци? Одговорот не е тоа што мислите…
