Ако сте пријатели со некого подолго од 10 години, тогаш треба да се радувате затоа што вашето пријателство било ставено на „тест на времето“ и „положило“. Можеби имате многу пријатели, но не секој е толку посебен како личноста која ви е во мислите додека го читате ова. Добра работа во врска со пријателствата е што тие стареат како виното – колку се постари, толку се подобри!rnrn
rnrnДоколку имате 10-годишно пријателство, веројатно ќе се пронајдете во следниве аргументи.rn
1. Пријателот/пријателката ве познава такви какви што сте
rn
rnrnАко сте пријатели со некого повеќе од 10 години, тој навистина добро ве познава. Всушност, ве познава толку добро што понекогаш сте изненадени од тоа колку добро може да ве „прочита“. Не можете да скриете ништо од него, па и без да размените ниту еден збор, вие се разбирате.rn
2. Далечината не го загрозува пријателството
rn
rnrnБи било убаво да останете близу до пријателот и да ги гледате во кое било време, но понекогаш животот има поразличен план и ќе ве одведе далеку еден од друг. Добрата страна кај цврстоизграденото пријателство е тоа што далечината нема да ја намали неговата вредност. Да се има пријателство постаро од 10 години има свои предности, а една од нив е дека секогаш можете да сметате на својот пријател, дури и ако не сте се виделе долго време. И, кога ќе се видете, вашата средба е исполнета со долги, цврсти прегратки.rn
3. Секогаш можете да се потпрете еден на друг, дури и ако се случи да не поразговарате неколку недели
rn
rnrnДобрата работа во врска со долгогодишните пријателства е што знаете дека понекогаш може да бидете премногу зафатени, па да немате време ниту за телефонски разговор. Вашиот пријател нема да се налути поради тоа, а понекогаш може да поминат и неколку недели, пред повторно да се видите. И кога конечно ќе се сретнете, ќе биде како ништо да не се сменило и ќе се чувствувате исполнето кога ќе се разделите.rn
4. Вие ги знаете најдлабоките тајни еден за друг
rn
rnrnПостои причина зошто вашето пријателство го положило „тестот на времето“, тоа е затоа што одлично комуницирате и се разбирате. Кога некој долго време е ваш пријател, заслужува отворено да разговорате и да ги споделете вашите тајни еден со друг. Вашиот пријател знае за вас повеќе отколку повеќето други.rn
5. Тој/Таа ги знае и вашите „неславни“ приказни
rn
rnrn10 години е долг временски период. И за тоа време, веројатно сте биле сведок на некои навистина „неславни“ моменти. Но, за жал, пријателите никогаш не дозволуваат да ги заборавите оние срамни приказни – дури и ако се случиле многу одамна! Вашиот пријател секогаш ќе биде овде за да ве потсети на онаа „глупава“ работа што сте ја направиле, без разлика дали тоа ќе ви се допадне или не…rn
6. Имате милион луди приказни за вашите минати авантури
rn
rnrnЗад вас е времето кога сте имале авантури и секогаш ќе ги обновувате тие прекрасни спомени. Можеби сега водите различни животи, но секогаш ќе се сеќавате на „добрите времиња“ кога сте лудувале, а понекогаш и сте правеле и „глупави“ работи заедно. И двајцата знаете дека тоа се спомени што ќе траат вечно.rn
7. Бевте заедно во сите значајни моменти
rn
rnrnДипломирање, унапредување на работа, стапување во брак и прославување роденден – сте биле еден покрај друг во сите големи моменти во животот. Дури и ако сте биле многу зафатени, не постоела шанса да не присуствувате на значајниот момент на вашиот најдобар пријател. Без оглед на сè, секогаш имате време да се соберете за да ги прославите работите што ви се важни.rn
8. Вашиот пријател ја видел „најдобрата“ и „најлошата“ верзија од вас
rn
rnrnВашиот пријател ја знае вистинската верзија од вас. Некои луѓе можеби ве познаваат површно, но вашиот пријател ве видел во вашето најлошо, нефилтрирано издание. Тој бил со вас во тешките моменти, а бил со вас и кога сте „биле во елемент“. И затоа вашето пријателство е посебно, затоа што знаете дека е вистинско.rn
9. Тој/Таа ќе биде цел живот покрај вас
rn
rnrnСега веќе најверојатно нема да се оддалечите и пред вас е долг пат! Тој бил тука за вас кога ви „горело под нозете“, но заедно сте пребродиле сè, па токму затоа вашето пријателство ќе трае уште многу долго.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто нашите најдобри пријатели се најчесто оние кои ги среќаваме додека студираме?rn