КАФЕ ПАУЗА

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Written by

in

,

Холивудските режисери секогаш раскажуваат за тоа колку многу актери посакувале да бидат дел од нивните филмови, но тоа не е секогаш така. Понекогаш, актерите одбиваат некои улоги и режисерите се во очајна потрага по нов глумец кој ќе им го игра главниот лик. Прочитајте ги следниве интересни факти за нашите омилени ликови што веројатно не сте ги знаеле досега…rn

1. Џон МекКлејн од „Умри машки“ (Die Hard)

rn12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улогиrnrnСе вели дека Арнолд Шварценегер бил првиот што ја добил понудата да го игра полицаецот МекКлејн и овој филм требало да биде продолжение на неговиот акционен филм од 1985 година, „Командо“ (Commando). Но, Арнолд ја одбил улогата од етички причини. Имено, главните негативни ликови се терористи со германски акцент, а и Арнолд го има истиот акцент. Силвестер Сталоне, Харисон Форд и Дон Џонсон биле другите кандидати, но Брус Вилис, кој во тоа време бил познат само по неговите улоги во комедии, ја добил улогата на крајот.rn

2. Тони Старк од „Ајронмен“ (Iron Man)

rn12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улогиrnrnДенес, не можеме да си го замислиме Тони Старк поинаку, бидејќи Роберт Дауни Јуниор ја има направено оваа улога легендарна. Но, приказната за филмот започнала во 1990-тите кога Универзал студио ги купило правата за да сними филм. Во 1997 година, Николас Кејџ бил заинтересиран за улогата, па дури и Том Круз сакал да го игра Тони и да го продуцира филмот. Меѓутоа, ништо не испаднало. Сценариото се сменило неколку пати пред да започне снимањето во 2006 година и и двајцата кандидати изгубиле интерес.rn

3. Нео од „Матрикс“ (The Matrix)

rn12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улогиrnrnРежисерите најпрво сакале Вил Смит да глуми во овој легендарен филм, затоа што веќе бил добро познат по „Луѓе во црно“ (Men in Black), „Ден на независноста“ (Independence Day) и други. Но, актерот немал време. Тој исто така изјавил дека не бил доволно зрел за оваа улога. Ијан Мекгрегор, Леонардо ДиКаприо и Том Круз биле другите кандидати за оваа улога.rn

4. Џек Досон од „Титаник“ (Titanic)

rn12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улогиrnrnРежисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, го имал предвид Метју МекКонахи за овој филм. Но, глумецот не бил импресиониран од сценариото и одбил. Камерон му дал на МекКонахи втора шанса, но актерот не му ни одговорил на повикот. Па, така вториот кандидат, Леонардо ДиКаприо, направи легенда од овој херој. Инаку, Кристијан Бејл и Меколи Калкин исто така се обиделе да ја добијат оваа улога.rn

5. Бетмен од „Бетмен“ (Batman)

rn12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улогиrnrnСите знаеме дека Мајкл Китон го играше суперхеројот во филмот од 1989 година. Но, малкумина знаат дека Мел Гибсон имал поголеми шанси. Меѓутоа, Мел бил веќе зрел актер и имал можности да бира, па затоа мислел дека филмот нема да биде толку популарен. Сепак, филмот заработил 400 милиони долари. Други кандидати за улогата биле Чарли Шин, Пирс Броснан и Бил Мјуреј.rn

6. Џанго од „Џанго разузданиот“ (Django Unchained)

rn12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улогиrnrnПред Џејми Фокс да ја добие улогата, режисерите му ја понудиле на Вил Смит и тој ја прифатил понудата. Но, тој исто така побарал од нив да го поправат сценариото, бидејќи сметал дека на некои делови треба да им се даде поголемо значење. Сценаристите одбиле да направат промени. Идриз Елба, Крис Такер, Теренс Хауард, Мајкл Кенет Вилијамс и Тајриз Гибсон исто така се обиделе да ја добијат оваа улога.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn