КАФЕ ПАУЗА

Зошто понекогаш изгледаме одлично во огледало, а ужасно на фотографија?

Најверојатно некогаш и вам ви се има случено вашиот одраз во огледалото воопшто да не наликува на оној на фотографијата што пред неколку моменти сте ја направиле. Но дали некогаш сте се запрашале зошто се случува ова?rnrn1-zoshto-sekogash-ste-ubavi-vo-ogledaloto-no-ne-i-na-fotografiite-www.kafepauza.mk_rnrnПред да излезете од домот, на одразот во огледалото изгледате добро, но фотографиите во текот на денот кажуваат друга приказна. Па, на кого да му верувате? Работата е во тоа што сте опуштени кога сте дома, се наоѓате на сопствена територија и најверојатно сте убаво расположени. Огледалото ви го испраќа одразот на вашите емоции, кои всушност само вие можете да ги видите.rnrn2-zoshto-sekogash-ste-ubavi-vo-ogledaloto-no-ne-i-na-fotografiite-www.kafepauza.mk_rnrnФотографијата ја покажува вашата вистинска слика, онакви какви што сте, без емоции и очекувања кои ви додаваат на изгледот.rnrnВо огледалото најчесто се набљудувате од исти агли, додека фотографиите се создаваат од различни агли од кои не сте навикнати да го гледате сопствениот лик. Затоа кога некој ве фотографира, не сте секогаш во позицијата во која самите си изгледате најдобро.rnrn3-zoshto-sekogash-ste-ubavi-vo-ogledaloto-no-ne-i-na-fotografiite-www.kafepauza.mk_rnrnСекоја просторија има различно осветлување, а секое осветлување има температура која не ја забележувате на одразот во огледалото, но ја забележувате на фотографиите. Фотоапаратот ги забележува сите несовршености кои доброто светло знае да ги скрие.rnrnНа одразот во огледалото најчесто ја гледате „идеалната“ верзија на себе, додека фотографијата покажува како ве гледаат другите.rnrnНе плашете се да застанете пред фотоапаратот, бидејќи ви ги откриваме најдобрите пози за фотографирање.