Ова не се само обични филмови. Тие во себе содржат силни пораки кои ќе ги научат вашите деца како да донесуваат добри одлуки, да го зголемат својот морал и како да станат најдобрата верзија од себе. Задоволни сме што компаниите како „Дизни“ и „Пиксар“ ги праќаат истите пораки кои ние сакаме да им ги пренесеме на нашите деца. Па затоа, одвоите малку време и погледнете ги овие филмови заедно со вашите деца.rnrn
rn
1. „Мулан“ – Никогаш не откажувајте се!
rnМулан е млада девојка кој дознава дека нејзиниот татко е повикан во војска. Знаејќи дека тој никогаш не би преживеал под строгите мерки на војната во својата држава, таа одлучува да се маскира и да се приклучи во војната на негово место.rnrn
rn
„Цветот кој цути во тешки околности е најредок и најубав од сите.“
rn
2. „Кралот лав“ – Учете од своите грешки!
rnМладиот наследник на престолот учи како да ја балансира одговорноста со забавата преку обиди и грешки, патем создавајќи прекрасни пријателства.rnrn
rn
„Ах, да, минатото може да боли. Но, од моја гледна точка, може да бегаме од него, или пак… да научиме од него.“
rn
3. „Пепелашка“ – Трпението е доблест
rnПосле ненадејната смрт на нејзиниот татко, младата Ела се препушта на милост и немилост на својата маќеа. И покрај сите околности, Ела одбива да очајува. Една покана за бал ја враќа надежта на Ела дека повторно ќе го види странецот кој го запознала во шумата, но нејзината маќеа нема да ѝ дозволи да замине. Помошта пристигнува од една жена која со помош на магија обичните работи ги претвора во волшепство.rnrn
rn
„Дури и за чудата е потребно време.“
rn
4. „Аладин“ – Не судете ја книгата по кориците!
rnАладин е уличен крадец кој живее во голем, бучен град заедно со својот најверен пријател, мајмунчето Аби. Кога на принцезата Јасмин ќе ѝ досади животот во палатата, таа тајно ќе побегне и случајно ќе го запознае Аладин. Аладин е фрлен во затвор, но успева да побегне со помош на магичната ламба. Легендата вели дека само еден човек кој се издвојува од останатите може да ја добие старата ламба од „пештерата на чудата“. Аладин можеби одговара на тој опис…rnrn
rn
„Нека не ве залажува надворешниот изглед. Како и за многу други работи, не е важно она што е однадвор, туку она што се крие однатре.“
rn